Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Министерство за здравство: ДСЗИ постапува по препораките во извештајот на ДЗР

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веќе постапува согласно констатираните забелешки и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веќе постапува согласно констатираните забелешки и препораки во извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на ДСЗИ, изготвен од Државниот завод за ревизија (ДЗР), соопштија попладнево од Министерството за здравство (МЗ).

– Имено, во делот на забелешките што се однесуваат на инспекциските надзори, што се од техничка природа, се дадени насоки до сите подрачни одделенија, овие забелешки во иднина да бидат корегирани. По однос на забелешките што се однесуваат на Одделението за човечки ресурси, во тек е комплетирање на документацијата, се наведува во соопштението.

Се додава дека во делот на материјално – сметковотствено работење, забелешките се од административно – техничка природа и имајќи предвид дека ДСЗИ од 01.01.2025 година е орган во состав на Министерството за здравство, веќе се преземени мерки за отстранување на констатираните административни забелешки. 

Реклама

– Во однос на постапката за увоз на детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба и забелешката за сертификатите за безбедност што се приложуваат при увоз, веќе се отпочнати иницијални преговори со релевантните чинители за изнаоѓање заедничко прифатливо решение, со цел да се надмине овој проблем, пишува во соопштението.