Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи

Министерството за економија и труд соопштува дека во соработка со Државниот пазарен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за економија и труд соопштува дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, која покажува дека во периодот од 1 февруари до 1 април годинава е регистриран минимален пораст на продажните цени, додека дел од притисокот од зголемените набавни цени е апсорбиран од трговците. 

Како што соопштуваат оттаму, компаративната анализа на движењето на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи е направена согласно заклучокот донесен на 162-та седница на Владата на Македонија.

Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири со различно ценовно позиционирање, во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година.

Реклама

-Резултатите покажуваат дека во анализираниот период е регистриран минимален пораст на продажните цени од 0,43%, додека набавните цени бележат нешто повисок раст од 1,01%. Истовремено, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28% на 15,80%, што укажува дека дел од притисокот од растот на набавните цени е апсорбиран од трговците, со цел да се задржи стабилноста на цените за граѓаните, стои во соопштението од министерството.

Во однос на поединечните категории, како што дополнуваат, кај основните прехранбени производи е забележан благ пораст од 0,45%, при што најголемо зголемување има кај кисело млеко, сирење, јајца и масло. Кај безалкохолните пијалоци е евидентиран пад од 1,01%, кај овошјето и зеленчукот има намалување од 0,86%, и покрај растот кај доматите и кромидот, а кај основните хигиенски производи е забележан пораст од 1,42%.

Министерството оценува дека движењата на цените во анализираниот период се умерени и под контрола, благодарение и на намалувањето на трговските маржи.

-Министерството за економија и труд ќе продолжи активно да ги следи пазарните состојби и, доколку е потребно, ќе предложи соодветни мерки за стабилизација на цените – посочуваат оттаму.