Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Министерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез го посети Бошњачкиот демократски сојуз во Македонија: Повик за единство и гласање според убедувањето

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, денеска беше во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, денеска беше во посета на седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) во Македонија, каде што оствари средба со раководството на партијата и изрази целосна морална поддршка за нивните настојувања во пресрет на претстојните локални избори, се наведува во соопштението од БДС.

Во обраќањето по средбата, министерот Хелез ја нагласи важноста од политичко организирање на Бошњаците надвор од границите на Босна и Херцеговина и ја поддржа нивната борба за еднаков статус, зачувување на идентитетот и посилно присуство во институциите на Македонија.

-Бошњаците во Северна Македонија се важен дел од поширокиот бошњачки корпус. Важно е да останете единствени, политички активни и да гласате слободно – според вашето убедување. Вашиот глас е вашиот идентитет и вашата иднина, порача министерот Хелез.

Реклама

Претставниците на Бошњачкиот демократски сојуз му се заблагодарија на министерот Хелез за посетата, која ја оценија како знак на почит, но и како јасна порака дека Бошњаците, каде и да живеат, не се заборавени.

Посетата на министерот Хелез има дополнителна симболична тежина во пресрет на локалните избори во Македонија, каде Бошњаците, како автохтона малцинство, се стремат да ја зачуваат политичката видливост и да обезбедат соодветна застапеност во локалните заедници.

Оваа посета, како што порачуваат од БДС, дополнително ги охрабрува да ја продолжат борбата за еднаквост, институционално присуство и зачувување на националниот идентитет преку демократски и мирољубиви средства.