Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Министерот Ристовски го исполни ветувањето – Велес конечно добива современа атлетска патека!

Со заложба и инвестиција на Министерството за спорт, Велес конечно ќе добие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со заложба и инвестиција на Министерството за спорт, Велес конечно ќе добие современа атлетска патека. Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот Марко Колев, денеска извршија увид во градежните работи за комплетна реконструкција на атлетската патека на градскиот стадион во Велес.

Патеката ќе има пет ленти и на неа ќе биде поставена еластична спортска подлога според ИААФ стандарди. Вкупната инвестиција за овој инфраструктурен проект на Министерството за спорт изнесува 20.000.000 денари со вклучен ДДВ.

-Во изминатиот период имавме интензивна комуникација со градоначалникот на Велес, го прифативме предлогот на општината да се реконструира оваа атлетска патека затоа што навистана е многу важно атлетиката да ја подигнеме на едно повисоко ниво.Оваа инвестиција која Министерството за спорт ја реализира изнесува околу 20 милиони денари. Благодарение на економскиот оператор, работите се одвиваат во забрзано темпо и мислам дека пред почетокот на летото оваа атлетска патека ќе ја пуштиме во употреба и ќе ја предадеме на користење на клубовите и на сите граѓани кои се бават со атлетика – рече Ристовски.

Реклама

Ова е уште една инвестиција на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава со цел да се подобрат основните услови за спорт и активен живот на граѓаните.

-Имаме над 15 поголеми инвестиции, а во претстојниот период не очекуваат уште десетина нови инвестиции од Министерството за спорт во делот на инфраструктурата. Само со инвестирање во спортската инфраструктура можеме да очекуваме и напредок во спортот. Благодарност до премиерот и до Владата за поддршката и за она како тој гледа на делот на спортот и како треба да изгледа македонскиот спорт во иднина. Сигурен сум дека ова е само еден сегмент и во иднина треба да очекуваме уште поголеми инвестиции кои ќе значат подобрување на основните услови за спорт и развој на младите што е многу важно, лично за мене, за Министерството за спорт и за Владата затоа што младите се темелот на кој се гради иднината – истакна Ристовски.

Претставници на АК Борец- Велес упатија јавна благодарност до Министерството за спорт и до министерот Борко Ристовски за реконструкцијата на атлетската патека во која истакнуваат дека нивната децениска борба за овој важен спортски објект сега конечно добива конкретен резултат.

​-По скоро една деценија спортска борба низ институциите, конечно, мојот личен ангажман и залагањето на атлетскиот клуб АК Борец – Велес вродија со плод. По години поминати во апели, објави, фотографии од очајната состојба и постојани барања за промена, во последните месеци нашата иницијатива најсилно одекна таму каде што треба. Упатувам огромна благодарност до Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, во мое лично име и во име на АК Борец-Велес, за слухот и поддршката. Велес конечно добива нова атлетска патека!

Успеавме да се избориме за сите граѓани, спортисти, рекреативци и за нашите дечиња конечно да добијат пристоен спортски објект каде што ќе можат да се развиваат и да тренираат во достоинствени услови – објави Тале Илијевски од АК Борец-Велес.

По реконструкцијата на атлетската патека во Гевгелија која беше пуштена во употреба во 2024 година, ова е втор ваков објект од програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава преку која досега се реализирани над 70 инфраструктурни проекти.