Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Министерот Перински во рамки на „Каде што срцето е дома“ го посети Неготино

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска беше во посета на општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска беше во посета на општина Неготино во рамки на теренските посети под мотото „Каде што срцето е дома“. Како што појасни самиот, почнале од Неготино, а во план е да се продолжи во Валандово.

– Разговаравме со градоначалничката и можам да кажам дека сум презадоволен од тоа што го слушнав од нејзина страна, затоа што сум уверен дека оваа општина има еден континуитет на раст и развој и во периодот што ќе следи, ќе продолжат во таа насока да одговараат согласно потребите на граѓаните. Тоа што за нас е важно, како претставници од централното ниво на власт, е да наоѓаме модалитети на кој било основ да им пружиме помош и поддршка на локалните самоуправи. И ако нешто е одлика за оваа влада, тоа е помошта и поддршката насочени кон локалните самоуправи, подвлече Перински во изјава за медиуми.

Веднаш по транзицијата на власт, како што нагласи министерот, оваа влада издвои 20 милијарди денари насочени кон интервентна финансиска помош и поддршка за реализација на и подобрување на капиталната инфраструктура.

Реклама

– Сега во делот на зголемување на финансиската независност на општините, работиме за потенцијално ажурирање на базите на даночни обврзници за да им дадеме една поголема финансиска независност на општините. Третиот столб на што сме главно фокусирани е во делот на обезбедување на експертиза, експертска помош во делот на пренос на знаење за да им се помогне на општините да можат посовесно да ги извршуваат своите изворни надлежности. Мислам дека сите работи што досега се направени и сите работи што во иднина ќе се направат, во многу ќе ја сменат сликата на територијата на Македонија во делот на функционирање на локалните самоуправи. И јас сум убеден дека заедно во соработка помеѓу централната и локалната власт, Македонија ќе стане едно многу посоодветно и поубаво место за живеење, нагласи министерот.

Задоволство од денешниот настан изрази и неготинската градоначалничка Марија Нацева.

– Разговаравме за актуелни теми во делот на работењето на локалната самоуправа, ги изнесовме сите оние проекти што се реализирани, што допрва ќе се реализираат. Остваривме средба и со Советот на Општина Неготино, како и со дел од администрацијата. Извршивме промоција на сите оние активности што се предвидени да се реализираат, рече градоначалничката.

Меѓу другото, Нацева најави адаптирање на медицински соби во јавната здравствена установа во општината, што ќе бидат наменети за давање медицинска помош на лица со попреченост и лица со деменција, набавка на ново возило за брза помош, реквизити наменети за да им се овозможи подобар живот на лицата опфатени во проектот.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: