Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Министерот Муцунски копретседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој за UNECE регионот во Женева

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски копретседаваше со Регионалниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски копретседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), кој се одржува во Женева. Темата на годинешниот форум, како што се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, е „Заедничко трансформирање: иновативни и правични активности за целите за одржлив развој“.

Во својство на копретседавач министерот Муцунски ја отвори пленарната сесија нагласувајќи ја потребата од забрзување на имплементацијата на агендата 2030 во услови на сè покомплексни глобални предизвици.

– Со помалку од пет години до 2030 година прашањето не е дали сме посветени, туку дали сме подготвени да дејствуваме побргу, попаметно и заедно – истакна Муцунски.

Реклама

Тој посочи дека за Македонија, целите за одржлив развој не се апстрактна рамка, туку интегрален дел од националните политики, вградени во Националната стратегија за развој и усогласени со претстојната рамка за соработка со Обединетите нации.

Во своето обраќање министерот нагласи дека фрагментацијата го ограничува напредокот и дека постигнувањето резултати бара координација меѓу институциите, секторите и државите, како и интегриран пристап што ги поврзува дипломатијата, развојот и економската политика.

– Фрагментацијата е непријател на напредокот. Трансформацијата бара координација – меѓу влади, меѓу сектори и меѓу држави – нагласи Муцунски.

Во текот на дводневното учество министерот ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон агендата 2030 преку политики насочени кон зелена трансформација, дигитален развој, зајакнување на институциите и унапредување на регионалната и мултилатералната соработка. Во рамките на тематските сесии беше отворена и дискусија за потребата од поинклузивни индикатори за мерење на напредокот, со цел подобро рефлектирање на благосостојбата, еднаквоста и одржливоста.

Форумот обедини високи претставници на држави членки, Обединетите нации, меѓународни организации, граѓанскиот сектор, младите и приватниот сектор и претставува значајна платформа за размена на искуства и добри практики во клучни области, вклучително одржлива енергија, одржливи градови, партнерства за развој, како и вода и санитарии и индустрија, иновации и инфраструктура.