Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31 во Анталија: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција

– Министерот за здравство Сашо Клековски денеска учествуваше на Денот на здравјето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за здравство Сашо Клековски денеска учествуваше на Денот на здравјето на конференцијата на Обединетите нации за климатски промени COP31, што се одржува во Анталија, Турција. Тој се обрати на два настана на високо ниво.

На министерската тркалезна маса, која ја копретседаваа министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу и претседателот на COP31, Мурат Курум, со учество на генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус, клучни обраќања имаа министерот за здравство на Бразил и Австралија.

На тркалезната маса Клековски истакна три приоритети: вклучување на здравјето во климатските политики; инвестиции во здравствени системи отпорни на климатските промени и полесен пристап до финансирање и посилна меѓународна соработка, соопшти Министерството за здравство.

Реклама

– Климатските промени повеќе не се само еколошки предизвик, туку растечка закана за јавното здравје. Оваа година во Македонија тоа го почувствувавме директно: западнонилската треска предизвика повеќе случаи отколку во претходните петнаесет години заедно. Стратегиите сами по себе не ги штитат луѓето. Ги штити нивното спроведување, изјави министерот.

На панелот на високо ниво „Хуманитарна помош и здравје: интеграција во управувањето со кризи“ министерот Клековски ги претстави искуствата на Македонија.

Панелот го организираа Министерството за здравство на Република Турција и Регионалната канцеларија на СЗО за Европа. Клековски зборуваше за зајакнување на подготвеноста на здравствениот систем преку националниот акциски план за здравствена безбедност 2024–2030 и Акцискиот план за заштита од топлотни бранови 2025–2030.

– Националната подготвеност сама по себе не е доволна кога кризите ги надминуваат капацитетите на една држава. Меѓународната помош мора да биде навремена, заснована на реалните потреби и координирана со националните институции, за да ги надополнува, а не да ги заменува домашните капацитети, порача министерот Клековски.

Тој ја поздрави анталиската иницијатива за здравствена отпорност.

Подоцна во текот на денот Клековски ќе учествува и на панелот „Големи лекции од малите нации: здравствено лидерство во клима што се менува“, во организација на Светската здравствена организација. Панелот го модерира Катрин Јакобсдотир, поранешна премиерка на Исланд и претседателка на паневропската комисија за клима и здравје. Таму Клековски ќе го претстави искуството на Македонија со спроведувањето на Акцискиот план за заштита од топлотни бранови, стои во соопштението од Министерството за здравство.