Реклама
Македонија

Министерката Јаневска ќе учествува на панел дискусија на тема „Редизајнирање на високото образование и универзитетите

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествува на панел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествува на панел дискусија на тема „Редизајнирање на високото образование и универзитетите: вештачката интелигенција и соработката со индустријата како едни од најсериозните предизвици на денешното време“.

Панелот е дел од меѓународна конференција посветена на градење синергија за креирање иновативни решенија во процесот на дигитална трансформација, што ја организираат Машинскиот факултет и Асоцијацијата на европски професори по индустриско инженерство и менаџмент.