Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Минчев: Европската комисија го нотира напредокот, градиме администрација во која знаењето се претвора во резултати!

Граѓаните не ги оценуваат институциите според нашите планови и ветувања. Ги оценуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните не ги оценуваат институциите според нашите планови и ветувања. Ги оценуваат според услугата што ја добиваат, одговорот што го чекаат и довербата што ја имаат во системот. Нашата цел е знаењето да стане сила на администрацијата, професионалноста нејзин стандард, а довербата на граѓаните нејзин најголем резултат – порача министерот за јавна администрација, Горан Минчев во обраќањето на третиот циклус генерички обуки за административните службеници за 2026 година, што се одржа во Куманово за службениците од Североисточниот регион.

Минчев посочи дека реформата на јавната администрација веќе добива конкретна институционална и законска основа, а напредокот е препознаен и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Во него, како што потенцира, се нотирани преземените чекори за зајакнување на капацитетите на Министерството за јавна администрација, унапредување на системот за управување со човечките ресурси, како и воспоставување поцврста рамка за професионално и одговорно функционирање на администрацијата.

– Оценките на Европската комисија се важен показател дека сме на реформски пат кој мора да го продолжиме со уште посилна динамика. Но, за нас најважно е реформите да не останат само законски решенија и институционални промени. Тие мора да се почувствуваат во секојдневната работа на институциите и во услугите што ги добиваат граѓаните – истакна Минчев.

Реклама

Осврнувајќи се на следната фаза од професионализацијата на администрацијата, министерот го потенцира и воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, како еден од клучните столбови на реформата.

– Не ја градиме Академијата за да добиеме уште една институција во системот. Ја градиме за да воспоставиме механизам што ќе обезбеди континуирано учење, квалитетни програми, унифицирани стандарди и реални можности за професионален развој. Сакаме знаењето да не завршува со обуката, туку да се применува во работата и да носи подобри резултати – посочи тој.

Како дел од реформскиот процес, министерот ги истакна и новите законски решенија за високите раководители, административните службеници и вработените во јавниот сектор, со кои се поставуваат појасни професионални критериуми, вреднување според резултатите и поголема одговорност во работењето.

Министерството за јавна администрација продолжува да гради систем во кој знаењето се вреднува, професионалноста се поттикнува, а одговорноста е стандард за сите. Крајната цел е создавање силна, компетентна и ефикасна администрација, која ќе одговори на потребите на граѓаните и ќе ја оправда нивната доверба преку квалитетна услуга и конкретни резултати.