Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Мицкоски: Нашиот став за уставните измени е јасен и непроменет

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека ставот на оваа Влада…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека ставот на оваа Влада во однос на уставните измени е јасен и непроменет и оти се надева дека дијалогот со Бугарија на крајот ќе вроди со плод. 

– Што се однесува до уставните измени, нашиот став како Влада е јасен и тој е непроменет. За жал, поради експозициите и антидржавната политика на претходната влада на СДСМ и Демократската унија за интеграција, ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени, иако многупати во тоа време предупредувавме, бевме опозиција, предупредувавме да не влегуваат во такви авантури. За жал, тоа не го послушаа и сега ние можеби сме единствениот пример во кој, покрај оние суштински реформи што треба да ги спроведеме, имаме и политички услови. Но, тоа е што е, ние го водиме дијалогот со нашиот источен сосед. Се надевам дека тој дијалог на крајот ќе вроди со плод и ќе можеме да зборуваме за процес што, конечно, 21 година по стекнувањето кандидатски статус и 26 години по потпишувањето на договорот за стабилизација и асоцијација, ќе можеме да почнеме со процесот на преговори – рече Мицкоски, кој денеска беше на настан во Пирава.

Евроамбасадорот Михалис Рокас, вчера, на прес-конференција потврди дека имаме значителен напредок во реформите оваа година, а премиерот Мицкоски посочи дека во извештајниот период не се ставени реформите што ги имаме завршено до 31 август. Неговите очекувања се дека в година ќе имаме уште подобар извештај и дека уште еднаш ќе се потврди дека имаме реформска Влада. 

Реклама

 – Амбасадорот вчера на прес-конференцијата рече дека во суштина, во споредба со минатогодишниот извештај, имаме значителен напредок оваа година. Но, важно е да се каже дека извештајниот период не ги опфаќа оние реформи што веќе се направени во меѓувреме и ќе се направат до крајот на годината, особено кога станува збор за борбата со корупција и владеењето на правото бидејќи извештајниот период завршува до 31 август. А во процесот на реформската агенда ние направивме многу реформи, кои исто така се дел од она што е важно и што претставува дел од овие извештаи на самата Европска Унија. Така што, очекувам в година да имаме уште посилен извештај, со што ќе се потврдат напорите и амбициите на оваа Влада да биде реформска влада – рече Мицкоски.