Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Балкан

Милошоски: Превозниците да се третираат исто како и персоналот во авионите, возовите и бродовите

Кипар да го стави на маса проблемот на транспортерите во рамки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кипар да го стави на маса проблемот на транспортерите во рамки на нивното 6-месечно претседателство со Советот на ЕУ – побара пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ  Антонио Милошоски од кипарскиот амбасадор Андреас Фотиу. Според него, Европа треба да покаже дека знае како да ги решава проблемите и да изнајде решение од взаемна корист за сите засегнати страни. Тој вели дека една од главните цели на Унијата е побрз проток на стоки, нешто што е потенцирано со склучениот Меморандум за побрза интграција, кој меѓу другото се однесува на тн „зелени ленти“. Милошоски побара првозниците да се третираат исто како и персоналот во авионите, возовите и бродовите, односно да бидат иземени од правилото за престој од максимум 90 дена во 180, односно 180 дена годишно.

Од Стопанската комора на Македонија велат дека заедно со коморите од Западен Балкан побарале од претседателката на Европската Комисија земјите членки да усвојат привремени мерки за професионалните возачи непречено да можат да работат, сè додека не се воспостави трајно и системско решение. Тие бараат Македонија и другите банкански држави кои не се дел од Шенген зоната да имаат поинаков статус споредено со  третите земји.

„Моменталниот пристап не е конзистентен со целите на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и тешко дека може да се усогласи со нашите заеднички напори за понатамошно интегрирање на економиите на регионот во Единствениот пазар на ЕУ.Економиите на Западен Балкан, како кандидати, целосно опкружени со границите на ЕУ, треба да имаат корист од поедноставена и диференцирана примена на режимот на ЕЕС, што ќе го одрази нивниот статус како партнери во пристапувањето и ќе обезбеди јасна разлика во однос на другите трети земји“ – велат од Стопанската комора.

Реклама

Сепак, Стопанската комора не ги поддржува блокадите на границите на Макамтранс бидејќи според комората решение треба да се бара исклучиво по институционален пат. Во спротивно, загубите како пенали за задоцнета испорака, откажување на договори, намалено производство, нереализиран извоз, неможност за навремено производство поради недостаток на суровина ќе биле огромни. Блокади има и на граничните премини на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и тоа не само на оние кон Шенген зоната, туку  и на меѓусебните премини како би се спречиле целосно алтернативните патишта на возилата кон други земји. Во Македонија камионскиот превоз доминира во трговијата со над 95% далеку пред железничкиот и авионскиот транспорт на стоки.