Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Мицкоски за најавениот протест за правосуден испит: Поддржан е од опозициска партија која над 20 години не успеа да го реши тоа прашање

По најавата за протестен марш утре пред Министерството правда, со кој, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По најавата за протестен марш утре пред Министерството правда, со кој, како што е најавено, учесниците ќе изразат незадоволство од неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит, односно неможноста да го полагаат на албански јазик, премиерот Христојан Мицкоски ги повика „да не дозволат да бидат алатка во рацете на политичка партија, која сè уште живее во спомените, односно во минатиот век“. 

На кандидатите што треба да го полагаат испитот тој им порача дека ќе биде најдено соодветно решение и за ова прашање.

– За жал, овој протест е силно поддржан од една опозициска политичка партија, која повеќе од 20 години не успеа да го реши ова прашање и сега е лицемерно на овој начин да комуницира со јавноста – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција посветена на новите мерки за намалување на цените на горивата. 

Реклама

Посочи дека претходната влада го донесе Законот за јазиците, кој, рече, е „предизвикан пред Уставниот суд и е предизвикан токму оној дел што се однесува на правосудството“.

– Знаете дека за тој закон имаме негативно мислење од Венециската комисија, која вели дека треба да се напушти двојазичноста во правосудството бидејќи има предизвици кои најчесто се поврзани со владеењето на правото. Имајќи го сето ова предвид, ние како влада формиравме група од уставни експерти кои работат на решение кое ќе биде и уставно, но исто така и во согласност со меѓународните стандарди. Така што јас ги уверувам студентите дека онака како што се најдоа решенија за многу предизвици и за многу пропусти од минатото, така и за ова ќе се изнајде соодветно решение. Јас мислам дека тие тоа веќе го знаат и мојот апел е да не дозволат да бидат алатка во рацете на политичка партија која сè уште живее во спомените односно во времето од минатиот век, рече Мицкоски.