Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Mицкоски за дивата депонија Вардариште: Она што не е санирано со децении, ние ќе го решиме за една недела

Премиерот Христијан Мицкоски најави итно решавање на проблемот со дивата депонија Вардариште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски најави итно решавање на проблемот со дивата депонија Вардариште во Скопје. Изрази и сомнеж и неверица дека пожарите кои се случуваат по депониите се случајни,истакнувајќи ја смптоматичноста што ова се случува во претпријатија каде има кадар на опозициската ДУИ.

Тоа што со децении не е санирано, тоа за што никој со децении не водел сметка, ние ќе го решиме за неколку денови, за недела дена ќе го разрешиме. Сочувствувам со секој граѓанин кој е загрижен од сето ова, но чудно е што во одредени претпријатија каде свој кадар има ДУИ се случуваат вакви работи. Чудно е, но ние тоа ќе го истражиме. Ќе го истражиме и ќе обезбедиме соодветни докази – како може пожар кој беше речиси смирен и ставен под контрола наеднаш така да се распламти – потенцира Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ најави детална истрага на сомнителите случаи со пожарите и најави дека сите виновници за ваквите случаи ќе се најдат пред лицето на правдата.

Реклама

Како тоа токму сега кога успешно се справивме со пожарите, во соседните држави имаше жртви, повредени, исселени градови и села, а кај нас сето тоа беше успешно завршено и покрај диверзиите кои ги имавме на почетокот на летото, сега ова да се случува пред локалните избори? Вистинското прашање е – Кому ова одговара? Со ова ние нема да се занимаваме сега, сега работиме да го решиме проблемот, потоа ќе се заминаваме и со ова. И да знаете дека сите виновници ќе бидат изведени поред лицето направдата – нагласи Мицкоски на прес-конференцијата посветена на коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ пред локалните избори закажани за 19-ти октомври.

Премиерот рече дека Владата и надлежните институции работат на решавање на проблемот, а од денеска во депонијата влегува и полицијата.

Како влада и институции ги преземеме сите мерки, да немате дилема. За Вардариште имаме осомничени лица, кои се приведени и за кои се покажа дека ја користеле илегалната депонија да произведуваат метали, за подоцна нелегално да ги продаваат. Таму од вчера има приватно обезбедување ангажирана од неколку општини, обезбедивме градежна механизација и ќе биде во полн состав и Вардариште е обезбедено, останува Дрисла – изјави Мицкоски.

-Што се однесува до Дрисла, беше санирана вчера, но од некои чудни причини пред крајот на ноќта повторно се распламна, и денеска таму ќе се позанимава МВР. На линија сме со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, и очекувам проблемот да биде саниран, посочи премеирот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.