Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири низ целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека апсолутно ја поддржува применета на „Безбеден град“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека апсолутно ја поддржува применета на „Безбеден град“ проектот, како и негово проширување на целата територија на земјата и оти е подготвен да издржи какви било критики и политички удари доколку тој систем спаси макар и еден живот. 

– Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени сме тој политички удар да го издржиме, само да спасиме некој човечки живот. Затоа што само изминативе недела, две, во строгиот центар на главниот град имавме три жртви, повредени, луѓе коишто го изгубиле животот поради неприлагодена брзина или непочитување на сообраќајните правила, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, по поставувањето камен темелник на детска градинка во Ѓорче Петров.

Тој во разговори што ги имал со министерот за внатрешни работи рекол дека како Влада се подготвени да ги трпат сите критики.

Реклама

– Слушам некои од поранешни пратеници на поранешното владејачко мнозинство на СДСМ и ДУИ го критикуваат ова, возеле 52, 53, 55, па како добивале опомени. И со 50,5 ќе добијат опомени, бидејќи си има правила што значи прилагодена и неприлагодена брзина. И ако еден човечки живот успееме да спасиме, еве јас сум подготвен целиот товар да го прифатам на себе и да ја прифатам целокупната политичка одговорност. Дел од тие човечки животи се губат поради непочитување на сообраќајните правила, а најчесто тоа се случува со неприлагодена брзина, рече премиерот.

Тој истакна оти вчерашниот ден, кога почна пробниот период на „Безбеден град“, покажал колку многу сообраќајни прекршоци  се направени само во еден ден.

– Голем дел од нив се затоа што несовесни возачи управуваат патнички возила коишто не се регистрирани. Дел од прекршоците, неколку илјади, беа вчера поради тоа што поминале на црвено светло. Еве само вратете се назад и ќе видите колку луѓе го изгубија својот живот затоа што некој управувал патничко возило, не ја прилагодил својата брзина и поминал на црвено светло. Ќе повторам, ако треба за тоа да го издржиме политичкиот притисок и удар, сето сум подготвен да го прифатам, само да спасиме човечки живот, рече Мицкоски.

Вчера од МВР соопштија дека само во првите 12 часа од стартот на „Безбеден град“ биле регистрирани 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2.800 и за нерегистриран автомобил 1.000.