Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Мицкоски: Во Реформската агенда сме фронтранери и користиме наголем дел од средствата, жалам кога политички аналфабети коментираат дека рокот за реформи истекол

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека заклучно со декемврискиот извештај сме фронтранери во исполнувањето на Реформската агенда. Тој изрази жалење што опозицијата вели дека рокот истекол, коментирајќи дека рокот е 30 јуни, а не 1 јуни. -За жал, опозицијата денеска ја слушам како вели дека дека рокот истекол. Жалам кога политички […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека заклучно со декемврискиот извештај сме фронтранери во исполнувањето на Реформската агенда. Тој изрази жалење што опозицијата вели дека рокот истекол, коментирајќи дека рокот е 30 јуни, а не 1 јуни.

-За жал, опозицијата денеска ја слушам како вели дека дека рокот истекол. Жалам кога политички аналфабети се дрзнуваат да даваат такви коментари, бидејќи не е први јуни рокот, туку триесетти јуни. Тоа е елементарно непознавање, но тоа е што е. Ние сме заклучно со декемврискиот извештај вистински фронтранери. На второ место е Албанија, трето е Црна Гора во регионот на Западен Балкан и ние користиме најголем дел од средствата како резултат на завршените реформи и испорачаните чекори, изјави Мицкоски по отворањето на МЕФ Форумот 2026.

Тој истакна дека од она што денеска разговарал со колегите на состанокот за Реформската агенда, е оптимист дека и оние реформи што се во грејс период, но и оние чијшто рок за испорака завршува некаде крајот на јуни најмалку деведесет проценти ќе бидат ќе бидат испорачани.

Реклама

-Во четвртокот имаме повторно координација со Брисел со господинот Герт Јан Копман. Околу десет и триесет е закажана таа конференциска врска, така што очекувам местото на вистински фронтранери кое останува збор за испорака на реформите да го задржиме и во јунскиот извештај, така што од таа од таа смисла на испорака ние навистина можам да кажам дека во овој момент се движиме најдобро од сите земји во регионот, нагласи Мицкоски.

Во врска со очекувањата од утрешната средба со претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта, тој рече дека пораките се јасни и аргументирани.

-Во зависност од темите моите пораки се јасни и аргументирани. Ние сме подготвени да разговараме со секого на било која тема. Ние сме подготвени да бараме решенија и тука не треба никој да има дилема, но тие решенија мора да бидат достоинствени и тие решенија мора да опфатат заштита на македонскиот национален идентитет, но истовремено решенија кои што ќе значат почеток и крај на процесот, а не само почеток на процесот. Тоа не е доволно.

На новинарско прашање дали има одговор од бугарскиот премиер Румен Радев за поканата за средба, рече дека засега нема одговор.