Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем број, знам дека тука ќе победиме. А ќе победиме затоа што Струмица крева глава, се ослободува од стегите кои две децении ја заробија во она што се вика фамилија која го запоседна градот. Ја заробија во еден затворен круг на фирми, луѓе, поединци и бизниси кои живеат на грбот на струмичани. Тие станаа милионери, народот остана сиромашен. Тие градат згради во Дубаи, народот остана разочаран, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Струмица.

Според Мицкоски предолго траеше овој процес, предолго беа заробени надежите, среќата и очекувањата на луѓето, им беше одземено правото на иднина.

„И на овој зачаран круг сега му дојде времето на промените. А промените овде се природен процес, последица и рефлексија – одговор на народот на она што го видел и претрпел низ годините. Од тука, од Струмица, со години се водеа најголемите зделки што ја уништуваа Македонија. Од тука тргнуваа политичките комбинации што ја оставија државата заробена и граѓаните разочарани. Ова е градот на гуруто на Филипче, човекот кој ја симболизираше целата таа мрежа на криминал, корупција и лични интереси.

Реклама

Денес, неговиот наследник Венко Филипче често доаѓа овде – не за да понуди визија за иднината,  да земе инструкции од Заеви. Нè убедуваа дека ова е непобедливо упориште на СДСМ, дека тука нема промени. Но времињата се менуваат. Еве нè, тука исправени со вас, од убавата и горда Струмица. Дојде денот кога тие ќе паднат, а народот ќе победи. Струмица ќе победи“, кажа Мицкоски.