Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Мицкоски: Статистичките податоци ги потврдуваат успешните политики

Раст на услужниот сектор. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раст на услужниот сектор. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во второто тримесечје од 2025 година, во однос на истиот период лани има зголемување на прометот во услугите од 3.5%. Најмногу кај Административните и помошни услужни дејности од 6.8 %, а потоа кај Објектите за сместување и сервисни дејности со храна 6.6 %. Трговијата остварила раст од 3.7%.

Премиерот вели дека ова било само уште еден податок кој укажува дека македонската економија оди во нагорна линија.

„Тоа е уште еден од низата параметри и индикатори коишто велат дека конечно започнуваме да се развиваме. И тоа е причината, сите оние центри на моќ, на коишто не им одговара Македонија да биде повторно водечка и во економијата, и во мирот, и во стабилноста, и во меѓуетничките односи во регионот, да предизвикуваат тоа што го прават изминативе денови” вели премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Успешните мерки за развој на економијата вродуваат со плод и во делот за туризмот вели Мицкоски. Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители. Премиерот открива дека охрабрувачки е што во првите седум месеци, од јануари до јули, во делот на туризмот Македонија има повеќе од 10%, повеќе туристи споредено со истиот период минатата година.

Истовремено, ќе ми дозволите да потсетам дека во првите седум месеци бројот на странски гости и туристи, коишто ја користат Македонија како место за одмор, е зголемен за 15% споредено со истиот период минатата година. Очекувам до крајот на годината таа бројка да биде околу 25%, информираше премиерот.

Според последните податоци, бројот на туристите во мај 2025 година изнесува 130 739, од кои 22.4 % се домашни туристи, а 77.6 % се странски.

Најпосетувани градови се Скопје и Охрид а најбројни се гостите од Турција, Германија, Франција и нашите традиционални туристи, србите. Најпосетувана дестинација во туристичката мека е маниастирскиот комплекс Свети Наум, Музејот на вода „Залив на коските“ кај Градиште кој целосно е реставриран, потоа цркавата Свети Јован Богослов, Канео како и Светиклиментовиот храм Свети Пантелемон на Плаошник.