Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

🎥 Мицкоски со конкретни бројки: Јавниот долг не само што не е зголемен, туку е и намален

Владата го намалува, а не го зголемува јавниот долг како што тврди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата го намалува, а не го зголемува јавниот долг како што тврди СДСМ. Премиерот вели дека бројките се спротивни на обвинувањата на опозицијата. Фактите говорат дека во март има намалување на јавниот долг за 4,7% од БДП – потенцира Мицкоски. Посочи дека Владата за една година успеа да ја врати еврообврзницата којашто е земена од претходната Влада во 2018 година од половина милијарда евра, а министерството за финансии жестоко се бори да ја одржи макроекономскат стабилност, без притоа да воведе нови давачки, да не го зголеми ДДВ, или пак возраста за пензионирање, како што со години бараат меѓународните финансиски институции.

„Треба да се напомене дека се бориме буџетскиот дефицит да го намалиме под 4%, така што јас знам колку вложуваат сите членови во владата. Колку вложува министерството за финанси за да ја одржи оваа макроекономска стабилност, а притоа немаме зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните, практично зголемување на пензии, вративме плати, тие што им се должеа на граѓаните, не само што немаме зголемување на долгот туку имаме намалување на долгот, тоа е реалноста затоа што едноставно нашата задача и обврска е да работиме во интересот на граѓаните“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Инаку јавниот долг на крајот на март изнесуваше 57,7% од БДП, што е намалување од 62,4% на крајот на минатата година. Покрај борбата да се одржат финансиите стабилни откако лани начека полупразен буџет оставен од претходниците, Владата очекува висока реализација на капиталните инвестиции. Токму локалната власт ќе има голем удел во ова. Во двата повици на Министерството за локална самоуправа општините аплицираа со над 1200 инфраструктурни проекти. Вкупните инвестиции надминуваат 325 милиони евра. Сега останува овие патишта, училишта, градинки, спортски сали и други објекти да с еизградат и да ја покренат градежната оператива.

Реклама

Владата планира годинава да реализира рекордно ниво на капитални инвестиции од 772 милиони евра. Забрзаниот инвестициски циклус на општините, но и вложувањата на домашните и странски компании треба да резултира со економски раст од 3,7% во 2025 година.