Реклама

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Македонија

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот, опозицијата да се вразуми заеднички да го усвоиме Изборниот законик

Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи – истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево.
 
Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда.

– Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од оние десет можеме девет и пол да испорачаме, а може и десет, буквално така заклучивме, кои се во грејс-период – изјави Мицкоски. 

Еден или два чекори, според него, зависат од учеството на опозицијата во нив, т.е. еден во овој грејс-период, а тоа е Изборниот законик. 

Реклама

– Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој реформски закон. ​Затоа што реформите не се само промени на Уставот. Јас го разбирам ова меко ткиво на македонскиот идентитет во СДСМ, кое во моментот е раководство на СДСМ, и дека најлесно им е да коленичат наместо да работат. Но, реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот, туку има уште многу посуштински работи што треба да ги завршиме. Е ние сме фокусирани на суштинските работи, а тие нека коленичат онаму каде што коленичат – рече Мицкоски.