Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци

„Извршени се инспекциски на неколку правни лица. На шест веќе се одземени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Извршени се инспекциски на неколку правни лица. На шест веќе се одземени лиценците, на уште неколку на следна владина седница ќе им бидат одземени лиценците, бидејќи не постапувале согласно закон, а на лицата за коишто веќе е покрената истрага, лицата кои веќе имаат кривична пријава кај кои е запленет овој цвет од канабис, ќе отпочне процес, претпоставувам, и во рамките на тој процес ние ќе слушаме и ќе гледаме што се случувало“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на гостувањето на една од националните телевизии за темата на пронајдените количества на нелегална марихуана во Македонија.

„Се сеќавам дел од поранешната Влада одеше и чекор понапред, па сакаше да прогласи зони каде ќе се консумира во еден град во југозападна и еден град во југоисточна Македонија. Таа развојна канабис стратегија на претходната Влада ќе има последици и во наредните десет години. Јас сакам да упатам јасна порака до граѓаните, и за првиот случај со Груби и за вториов, да бидат спокојни. Работата е под контрола. Исто како што улиците се исчистија од криминал, така доаѓа времето кога ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци кои оставиле голема трага во минатото, но за жал поради нивните политики и во годините кои следат ќе треба да се справуваме со овие штетни, недржавни канабис-политики“, заклучи Мицкоски.