Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Прес-релис

ВЛТ навива: Вардар против Висла Плоцк

Европска ракометна вечер во Скопје. Вардар ја пречекува Висла Плоцк во третото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европска ракометна вечер во Скопје. Вардар ја пречекува Висла Плоцк во третото коло од ЕХФ Лигата на шампионите, со една јасна цел – првите бодови во елитното европско натпреварување.

Во четврток, од 20:45 часот, СЦ „Јане Сандански“ повторно ќе биде обоен црвено-црно. Вардарци ги очекува нов голем европски предизвик, дуел со полскиот шампион Висла Плоцк, еден од најквалитетните состави во европскиот ракомет.

По двата силни натпревари на стартот од сезоната во Лигата на шампионите, „црвено-црните“ влегуваат во новата пресметка со амбиција да го направат следниот чекор. Тренерот Иван Чупиќ и капитенот Васил Гогов очекуваат тежок и неизвесен натпревар, но веруваат дека енергијата на тимот, квалитетната игра и поддршката од трибините можат да бидат клучни за првите бодови.

Реклама

Во Скопје европската атмосфера ќе започне и пред првиот судиски свиреж. Од 18:30 часот, на платото пред СЦ „Јане Сандански“, навивачите ги очекува загревање за големиот ракометен спектакл. Енергија, дружење и поддршка за Вардар, до почетокот на натпреварот и од првата до последната минута.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија повторно е со „црвено-црните“ и во нивниот европски предизвик.