Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Мицкоски: Продолжуваме да се бориме за нашиот идентитет, да го повратиме распродаденото од националните предавства на претходната Влада

Премиерот Христијан Мицкоски, по обвинувањата од опозицијата дека власта се откажала од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, по обвинувањата од опозицијата дека власта се откажала од идентитетот и јазикот,  порача дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави жесток обид да поврати барем малку од она што претходно било распродадено од претходниците, за кои рече дека единствено што правеле биле национални предавства  и потпишување на сите документи што им биле ставани на маса.

Продолжуваме, посочи денеска Мицкоски, жестоко да се бориме за нашиот идентитет, за тоа што сме, а не тоа што сакаат да бидеме – некои модерни Македонци кои што говорат модерен македонски јазик.

-Можеби тоа е само во нивната микроорбита на измеќари на туѓи интереси и предавници од највисок ков и тоа се покажа и докажа во минатото. Владата на СДСМ и ДУИ единственото нешто што го правеше, покрај тоа што го знае најдобро – да краде, тоа беа националните предавства и потпишувањето на сите документи што им беа ставани на маса. Станува збор за национално исплакнати луѓе кои освен кариера и да го крадат народот а потоа да уживаат од тоа што го краделе ништо друго не им преостанува. Тоа што го прави оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата,  е токму жесток обид да се поврати барем малку од она што тие го распродадоа и го вадиме на виделина сето она за кое што досега ако некој имал каква било дилема верувам дека отсега ќе нема, а ние продолжуваме жестоко да се бориме за нашиот идентитет, за тоа што сме, а не тоа што сакаат да бидеме – некои модерни Македонци кои што говорат модерен македонски јазик,  рече Мицкоски, на новинарско прашање на настан по повод пуштање булевар во Гевгелија.

Реклама

Премиерот порача дека нема посвето нешто од тоа да се бориш за својот народ, за своите граѓани, за својата татковина, и да го повратиш, како што рече, тоа што оние претходни квинслинзли за жал, го продадоа за да можат да уживаат во дебелите црвени килими и кожните фотелји и да се богатат на грбот на граѓаните.

-Но, тие нека продолжат со таа политика, а ние ќе продолжиме со политиката на одбрана на македонскиот идентитет и одбрана на интересите на граѓаните и Македонија како држава, рече Мицкоски.