Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Економија

Мицкоски: Проблемите со Бугарија се наследени, ќе ги решаваме еден по еден

Македонија скапо ги плаќа грешките направени од властите во минатото. Дали од лекомисленост или водејќи се од лични интереси сметаа дека со потпишување на бел лист хартија и прифаќање на преговарачката рамка, проблемите на Македонија ќе исчезнат, а членството во Европската унија ќе се случи преку ноќ. Сепак Бугарија не бира начини и средства како […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија скапо ги плаќа грешките направени од властите во минатото. Дали од лекомисленост или водејќи се од лични интереси сметаа дека со потпишување на бел лист хартија и прифаќање на преговарачката рамка, проблемите на Македонија ќе исчезнат, а членството во Европската унија ќе се случи преку ноќ.

Сепак Бугарија не бира начини и средства како да го блокира европскиот пат на земјата. По Бугарите во Устав, сега и Акцискиот план за малцинствата, стана нова пречка за Македонија да ги отпочне преговорите со Европската Унија. Мицкоски нема одговор што е тоа што на Бугарија и смета во акцискиот план, иако истиот е усогласен со експерт од Европската комисија и со 26-те земји членки на Унијата, освен Бугарија.

За жал некои претходни политичари кај нас тоа не успеа да го препознаат, беа кратковиди или претпоставувам лекомислени или се водеа од лични интереси, мислејќи дека ако потпишат бел лист хартија сите проблеми ќе бидат решени. Тоа така не иде во реалниот свет и во реалната политика. За жал направија големи проблеми  за жал ќе треба тие проблеми да ги решаваме и ги решаваме еден по  еден, но се бориме тоа е нашата задача,  бргу и лесно ништо нема во жвиотот, сме покажале дека знаеме да победуваме, но само ве замолувам за трпение“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Реклама

Со истиот Македонија се обврза за подобра застапеност на заедниците во институциите, заштита на нивниот културен и јазичен идентитет, унапредување на образовните и културни права, како и следење на говорот на омраза. Тој е изработен на македонски и англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Совет на Европа и Европската комисија и е документ којшто содржи јасно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции и е целосно усогласен со највисоките европски стандарди. Наместо да биде поздравен како конструктивен чекор напред, документот од јануари годинава е предмет на апстрактни и неосновани коментари од страна на Бугарија.

Акцискиот план не е единствената блокада на Бугарија за Македонија. Претходно источниот сосед се противеше и земјата да биде дел од регионалната платформа „Три мориња“, иницијатива која ги поврзува земјите меѓу Балтичкото, Јадранското и Црното море.