Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Мицкоски: Почнавме да градиме држава по мерка на граѓанинот

Наследивме држава со нарушени институции. Со систем кој одамна престанал да им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наследивме држава со нарушени институции. Со систем кој одамна престанал да им служи на граѓаните. Но тоа не е Македонија, која ќе ја прифатиме.   Ова е почеток на една нова татковина, во која ќе сакаме да живееме. Во измината година работевме на враќање на довербата во институциите. Почнавме да градиме држава, кадешто граѓанинот ќе биде слушнат и почитуван, истакна вчера од Струмица, премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на трибината „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените„. Мицкоски, порача дека Струмица, овие промени ги чекала долго време и оваа есен ќе бидат заокружени со огромна победа на локалние избори.

„Премногу долго овој град и сите негови околни места беа заробени од една фамилија, која се однесуваше како Струмица, да е нивни личен имот, а не град на горди струмичани. Заборавија дека Струмица, му припаѓа на граѓанинот, не на фирмите и круговите во кои тие се затворија. Ние, иако ја водиме државата само една година, не го заменивме народот со дебелите црвени килими. Работевме, решававме проблеми додека тие од опозицијата се занимаваат со златни визии, симбол на златното богатење на грбот на македонскиот народот. Видете, можеби во Дубаи им е убаво, но коренот е тука во Струмица, во Македонија“, рече Мицкоски.

Македонија и Струмица се и македонските земјоделци. За помалку од една година се исплатени повеќе  од 9милјарди денари субвенции, направена е распределба на земјоделското земјиште. Во првиот квартал има раст на извозот од 5%. Склучени се 2109 договори за распределба на околу 6.000хектари земја, а беше распишан и јавен повик за помош на млади земјоделци. На трибината говореше и министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, кој ја промовираше кампањата за купување на македонски земјоделски производи „Македонско најдобро„.

Реклама

 „Она што е суштината и сржта на оваа кампања, е да ја покренеме свеста кај македонскиот потрошувач, дека со купувањето на македонските земјјоделски производи и преработки, помагаме пред се на оној којшто го произведува производот, односно почитуваниот и респективен земјоделец кој неуморно работи на полињата, за да имаме доволно количини на храна. При самото купување на било кој земјоделски производ ја помагаме и домашната економија„ подвлече министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

На вчерашната трибина говореа и директорот на Платежната агенција, како и директорот на Ддржавниот пазарен инспекторат кој истакна дека од први ноември 2024 до први јули 2025 извршени се над 18илјади надзори по правни субјекти и изречени се над 4.500мерки. Издадени се над 110милиони денари платни налози и над 150 решенија за забрана за вршење дејност.