Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

🎥 Мицкоски: Овој ден нека нa обединува, жртвите не предците нека не потсетуваат каква држава треба ние да оставиме

Илинден нека не обедини и нека нѐ потсeтува на жртвата која што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илинден нека не обедини и нека нѐ потсeтува на жртвата која што генерациите ја оставиле за денеска да имаме слободна и независна држава Македонија – порача премиерот Христијан Мицкоски на чествувањето на 2-Август Денот на Републиката во Скопје. Мицкоски ја педводеше владината делегација која се поклони и положи цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред зградата на Собранието, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто на плоштадот Македонија.

  • „Овој ден нека нè посетува на жртвата којашто генерациите ја оставиле, за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија. Нека нивната жртва нè потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите после нас. Држава во којаштo ќе имаме среќни граѓани, која ќе биде просперитетна и ќе биде татковина на сите – без разлика на етничката припадност. Ова е ден на обединување, да го чествуваме достоинствено и напомош нека ни е Свети Илија“, кажа премиерот.

Во својата порака Мицкоски, нагласи дека одговорност имаат и граѓаните, но особено институциите, да се продолжи патот започнат во Крушево и потврден во АСНОМ, со работа, чесност и грижа за иднината. Како Влада, вели премиерот, биле посветени да ја направат Македонија држава на можности, праведна, безбедна и просперитетна, со силни институции што ќе бидат на страната на граѓаните.

Претседателот на владата беше придружуван од вицепремиерот Изет Меџити, како и министерката за образование Весна Јаневска. Собраниската делигација ја предводеше потпретседателот Антонио Милошоски, а цвеќе на спомениците во Скопје, положија и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, партиски делегации, како и двајцата кандидати за прв човек на главниот град Орце Ѓорѓиевски и Каја Шукова.

Реклама

Македонија денеска го празнува и слави најголемиот македонски празник, двата Илиндена, 122 година од Илинденското востание, односно раѓањето на Крушевската република и 81 години од првото заседание на АСНОМ. Илинден е најсветлиот ден во македонската историја, симбол на македонската борба за слобода и државност, ден кој врзува две епопеи и еден идеал, а тоа е идеалот за слободна и независна Македонија.