Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Мицкоски: Од првиот ден тргавме со јасна цел – да го обновиме, модернизираме и хуманизираме здравствениот систем

Од институција со нарушен кредибилитет, до модерен и стабилен Фонд за здравствено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од институција со нарушен кредибилитет, до модерен и стабилен Фонд за здравствено осигурување кој функционира со јасни правила и силни механизми на контрола. На одбележувањето на 25 годишнината од работењето на Фондот, премиерот Мицкоски вели дека од првиот ден акуелната Влада покажала што значи вистинска посветеност кон јавното здравство. 

Се истражува секоја злоупотреба, без исклучок, а ниту една установа или позиција не е заштитена ако ја нарушила довербата на пациентите, рече премиерот. Таму каде што се работи за човечки животи – мора да има правда, порача Мицкоски.

Владата обезбеди историски најголем буџет за ФЗО до сега – 53 милијарди денари. Тоа овозможи 33% зголемување на капитацијата за општите лекари и гинеколозите, 23% зголемување за стоматолозите, 17% кумулативен раст на платите во јавното здравство од кои 9.5% е реален раст, и 107% зголемување на условениот надоместок за нови иновативни лекови.

Реклама

Според првиот човек на Фондот за здравство ваквото вложување е доволно и е на ниво на средноразвиени земји. Клековски смета дека Фондот се уште има недостатоци, но како што вели испорачува. Според него следниот предизвик е децентрализација и дигитализација на здравствениот систем.

Давид Крстевски