Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Мицкоски од МЕФ: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во можност

Предизвиците во најголемета енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, што се одржува во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предизвиците во најголемета енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, што се одржува во Скопје. 

Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски предизвик и затоа овој форум денеска, со својот полн потенцијал, треба да даде идеи и заклучоци како понатаму и како овие предизвици да ги претвориме во наша можност.

– Западен Балкан во моментов ( Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Македонија) можат да понудат отприлика годишно производство од 260 терават-часови нови производни капацитети во делот на обновливата енергија. Или ако ова го помножиме со некои, да речеме, стотина евра по мегават-час, тоа значи дека на годишно ниво можеме како Западен Балкан да акумулираме бизнис, којшто и е потребен на Европа, е само една петтина од потребите на Европа, вреден 26 милијарди евра годишно. Кога на тоа ќе се додадат средствата потребни  да се изградат овие капацитети кога на ова ќе се додадат инвестициите во дистрибутивната и преносната мрежа, слободно оваа бројка триплирајте ја. Ова е тоа што можеме на годишно ниво да го понудиме за Европа и потребите на Европа, рече Мицкоски. 

Реклама

Тоа, оцени, е неповратен процес и само од нас зависи дали ние ќе го препознаеме и дали ќе успееме да се вклуќиме во него. –  Дали ние како Западен Балкан ќе останеме да бидеме препознаени како регион којшто можеби понекогаш бара и милост, дали ќе ја заслужиме таа милост или не, тоа не зависи секогаш од нас, тоа е двонасочна улица, но ајде ние како Западен Балкан да ги понудиме овие можности, рече Мицкоски, најавувајќи дека за оваа нова иницијатива  ќе зборува на самитот во Тиват на 4-ти и 5-ти јуни.

Имаме, посочи, знаење, капацитет, добро сме поврзани и можеме ова да го понудиме. 

Идејата за иницијативата, како што рече, е од изјавата од претседателката на Европската комисија, на инвестицискиот форум во 2025-та ЕУ-Западен Балкан, кога таа потенцираше дека „земјите од Западен Балкан  можат да станат центри за производство, складирање и споделување чиста енергија со останатиот дел од Европа“.

Според премиерот Мицкоски, оваа иницијатива ќе даде одговор на сите предизвици со коишто се соочуваме и ќе се соочуваме, но истовремено ќе ни создаде можност да се развиваме. 

Зборувајќи за енергетскиот потенцијал што ќе недостига  нагласи дека е важно дали ќе успееме тоа да го препознаеме и да бидеме препознаени и дали дел од ова парче бизнис ќе успееме да привлечеме.

Предвидувањата, наведе премиерот, се дека потребите од електрична енергија на европскиот континент до 2040-тата година ќе се зголемат за 22 проценти,  отприлика  1.000 терават-часови годишно дополнително повеќе. – И ова ќе недостига и ова ќе треба некој да го изгради, произведе и да го однесе до крајните конзументи, потрошувачите. Но, само по себе изградбата на производните капацитети не е доволна. Туку треба да сте подготвени, треба покрај тоа што ги градите производните капацитети, да инвестирате и во преносната мрежа. Дистрибутивната и високонапонската преносна мрежа којашто, просекот вели, во европскиот континент, 40-тина, 50-тина проценти од вкупната мрежа е постара од 40 години. Сето тоа има глад и жед за инвестиција, за нов капитал, така што кога сето ова ќе го заокружите и ќе го додадете на оние производни капацитети, тогаш слободно овие бројки за коишто јас денеска зборувам од аспект на пари, од аспект на бизнис, триплирајте ги. Тоа е отприлика потенцијалот со којшто денеска ние мораме да се справиме, односно претставува предизвик на човештвото, рече Мицкоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: