Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Мицкоски: Очекувам убедлива победа, излеговме со конкретни проекти, а СДСМ со црна кампања и лаги

,,Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

,,Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на сите анкети има убедлива предност, во однос на нашиот политички противник, во случајов СДСМ“, вели Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски смета дека 45-50 од кандидатите за градоначалници низ општините, ќе бидат градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

,,На овие избори би се задржал на оние прогнози кои што ги имавме пред да почне кампањата и чувствувам дека довербата кај граѓаните е таа која што ја имаме, и чувствувам дека бројките ќе бидат тие кои што ги кажав. Тоа е очекувана варијанта. Има и оптимистичка варијанта, која што дел од моите соработници ме убедуваат дека ќе се случи дека ќе бидеме над 50 градоначалници, но еве би се задржал до онаа моја проценка помеѓу 45-50 градоначалници“.

Мицкоски истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори е со јасно дефинирани цели и проекти, додека опозициската СДСМ уште од првиот ден води црна кампања.

Реклама

,,Таа понуда која што ја презентиравме на овие избори е со јасно дефинирани цели со проекти со термини, вредности итн. Од другата страна имавме исклучиво негативна и црна кампања, ad hominem напади, ниски страсти итн. Јас ниту во еден момент не навредив во оваа кампања никого, а за себе читав би било штосно во оваа кампања да ме најдат на парчиња спакуван во оној куфер што го најдоа во близината на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за којшто постоеше основано сомневање бидејќи имаше пријава за подметната бомба. Тоа е од новинар кој што важи близок до СДСМ, кое што ова раководство и одредени веб портали блиски до СДСМ го цитираат и го објавуваат. Вие да кажете дека не ме мразите туку ме презирате, што би требало да е ниво над мразење, навистина чудна некоја реторика, не личи на човек кој што е редовен професор“, посочи Мицкоски.