Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена, без вредности и било какви заеднички идеи 

На овие локални избори се судруваат две дијаметрални различни понуди, едната понуда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На овие локални избори се судруваат две дијаметрални различни понуди, едната понуда е од една неформална коалиција којашто ја сочинуваат СДСМ, ДУИ и политичката партија Левица и втората понуда е понудата којашто ја нуди  ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата Твоја Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Чаир, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.

Мицкоски истакна дека во неформалната коалиција сочинета од Венко, Али и Димче има само една цел, а тоа е да се дојде на власт по било која цена, без вредности и било какви заеднички идеи.

„Во оваа неформална коалиција кадешто се здружиле Венко, Али и Димче можеме да забележиме две клучни работи, првата е дека се здружиле да дојдат на власт по било која цена, без вредности, без било каква идеја заедничка којашто ги поврзува, само да се дојде на власт“, истакна претседателот Мицкоски и додаде: 

Реклама

„Втората е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ, која мојот колега, универзитетски професор Венко Филипче ја надгради и тој рече дека мене тие во суштина и не ме мразеле, туку тоа било чекор над тоа, тие ме презирале и тоа следеше веднаш од како еден нивен перјаница, ми порача дека би било штосно во оваа кампања да го најделе моето распарчено тело спакувано во еден куфер, одприлика на ова се сведува кампањата на СДСМ на овие избори, додека овие вториве ДУИ, првите десет дена од кампањата не ме извадија од уста, Кристијан, Кристијан“, рече Мицкоски.

На крај претседателот Мицкоски објасни дека Левица се обидува да најде нов стопан кој најпрвин тоа беше Зоран Заев а сега е Али Ахмети од Зајас.

„На овие третиве тие коишто се претставуваат како чесни, тие се обидуваат само да си најдат нов стопан, ако најпрвин тоа беше Зоран Заев, но сега тој стопан е минато, сега си најдоа нов стопан, овој новиот стопан се вика Али од Зајас“, посочи Мицкоски.