Реклама

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Економија

Мицкоски: Македонија се гради со план, со јасна визија и многу работа

„Испраќаме силна и јасна порака- Македонија се гради“. Ова го истакна премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Испраќаме силна и јасна порака- Македонија се гради“. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираниот патен правец Охрид-Свети Наум.

-Го пуштаме во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум, пат кој беше заборавен. Пат кој го заслужуваше Охрид, го заслужуваа граѓаните, туристите и сега конечно го добиваме. Со инвестиција од 11,7 милиони евра реконструирани се 24,3 километри современ магистрален пат. Реконструкцијата опфати целосна санација на коловозот, поставување на нова сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше, посочи Мицкоски.

Премиерот истакна дека направени се и заштитни интервенции на ризичните косини, со една цел – безбедност, сигурност и долготрајност.

Реклама

-Ова денес не е само пуштање на пат, ова е уште една потврда за определбата на Владата да се гради без многу врева, без партиски и бизнис спектакли, со план, со јасна визија и многу работа. Во моментов паралелно се градат неколку клучни патни правци, автопатот Кичево-Охрид силно се забрзува, делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани се активни, а се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани-Кичево. Тоа значи дека целосно го затвораме автопатниот прстен во западна Македонија и тука не застануваме, посочи премиерот.

Инфраструктурата, посочи премиерот, не е трошок, таа е инвестиција во иднината на државата.

-Инфраструктурата ги отвора вратите за туризам, за економија, за регионално поврзување, за работни места, за живот со достоинство. Кога сме кај туризмот, во оваа година април месец е вонредно успешен со повеќе од 20 % поголем број на странски туристи споредбено со лани, а истото и во првите месеци од годината споредени со првите месеци од минатата година. Овој пат кој денес го пуштаме нè поврзува со еден од најголемите духовни и туристички комплекси на Балканот, Свети Наум. Тој е и дел од регионалната врска со Република Албанија. Охрид, градот под заштита на УНЕСКО, полека, но сигурно, го добива ликот на посакувана и пристапна европска дестинација. Го поврзавме со светот преку нови авио линии, преку Истанбул, Меминген, Виена, Белград. Денес, преку обновени патишта, овозможуваме да дише слободно и да се развива како што му прилега. Ова не е политика на ветувања, туку политика на испорака.  Граѓаните гледаат резултати- не нацртани проекти, туку изведени, пуштени и функционални. Татковината се гради таму каде што, за жал пред нас беше пустош, застој и многу корупција. Додека некои зборуваа, ветуваа, ние изградивме патишта, проекти, доверба. Ние не пуштаме само пат- пуштаме патека кон иднината, рече премиерот.

Мицкоски порача дека ова е Македонија која се движи напред. Тивко, упорно и со резултати.

-Татковина која ја градиме со труд, чесност и одговорност. И тоа го правиме за секој човек, за секое дете, за секој граѓанин. Охрид заслужува. Македонија заслужува. А ние сме тука- да го изградиме тоа што долго беше запоставено. Со работа. Ќе повторам, без многу галама. Без бучава. Без привилегирани. Со срце и визија, порача тој.