Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Економија

Мицкоски: Македонија е повторно меѓу првите пет во Европа по растот на економијата

Македонската екомонија бележи одличен раст во време на глобална економска криза. Додека земјите од Евроспката Унија се борат да обезбедат економски раст од над 1 процент, Македонија забележа три пати повисок. Според Државниот завод за статистика, финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година пораснала за 3,1 %, додека пак Македонија имала зголемен извоз од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската екомонија бележи одличен раст во време на глобална економска криза. Додека земјите од Евроспката Унија се борат да обезбедат економски раст од над 1 процент, Македонија забележа три пати повисок. Според Државниот завод за статистика, финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година пораснала за 3,1 %, додека пак Македонија имала зголемен извоз од 6,2 насто. Ваквите податоци кои ги потврди и Евростат ја вратија Македонија во првите пет европски економии по постигнатото:

„Во случајот практично се усогласени праметри. Тука повторно гледате Данска, Полска, Малта, па ние , па Србија. Така што ако се аналзириаат двете тебели кои што ги објавува Еуростат ќе дојдеме до заклучок дека седмиот квартал по ред, повторно откако се консолидирани институциите остваруваме како Влада раст на БДП“, рече Премиерот Христијан Мицкоски.

Растот на економијата според Владата се должи и на плански распоредените финансиски расходи на суштински трошоци кои обезбедуваат долгорочна стабилност и носат можности за дополнителен раст. Инвестициите во капиталните проекти како што е изградбата на патните и железничките коридори, но и на локалната инфраструктура даваат дополнителен ветер во грб за македонската економија.

Реклама

Во април месец оваа година индустриското производство порасна за цели 7,6 проценти, споредено со април минатата година. И со тоа во првите четири месеци од годинава, во првата третина од 2026 година, како ретко која држава во Европа имаме индустриско производство кое што ни е во позитива, мала 0,2приоценти но не е негатива во услови кога ја имаме најголемата епски најголемата енергетска ркзиа во Светот, додаде Мицкоски.

Растот на БДП има дополнително значење ако се уима предвид дека тој е остварен и во услови кога државата е соочена со притисоци за враќање на огромни стари, наследени долгови. Еден од нив беше и еврообврзницата од 700 милиони евра која вчера беше вратена во целост. Министерката за финансии вели дека правилното распоредување на буџетските средства, но и навременото задолжување по ниски каматни стапки обезбедуваат и намалување на јавниот долг:

„Нашата цел беше со средствата обезбедени преку еврообврзницата издадена во јануари 2026, да извршиме рпедвремен откуп и на тој начин да оствариме заштеди по основ на камати. На тој начин во буџетот заштедивме 3,2 милиони евра“, изјави Министерката за финасии Гордана Димтриеска Кочовска.

Од Владата велат дека и покрај сите предизвици фокусот и во наредниот период ќе биде економијата, инвестициите и поддршката на стопанството. Паралелно и фискалната консолидација за намалување на буџетскиот дефицит. Ова треба да биде и гаранција дека економијата ќе продолжи да испорачува не само одржлив туку и повисок економски раст.