Куманово мора да продолжи да се развива, а тоа е возможно доколку Максим Димитриевски остане градоначалник, а советот го предводи ВМРО-ДПМНЕ, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од митингот во Куманово.
Носителот на советничката листа од владејачката партија, Владимир Михајловски, истакнува дека тие имаат план и визија за тоа како да продолжи напредокот на Куманово.
