Реклама
Економија

Мицкоски: Кандидатите за гувернер се вонсериски, убеден сум дека ќе ја одржат макроекономската стабилност

До крајот на неделата ќе се знае кој ќе добие поддршка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на неделата ќе се знае кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка, а изборот ќе биде во Собранието на 20-ти мај. Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај, а Мицкоски уверува дека рокот ќе биде испочитуван.

Премиерот веќе разговарал за ова со претседателката Сиљановска Давкова. За него е најважно да се зачува макроекономската стабилност и уверен е дека сите кандидати кои се во игра се искусни и вонсериски.

Во игра за гувернер, според медиумите, се имињата на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, како и поранешната вицегувернерка Маја Кадиевска-Војновиќ.