Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Мицкоски: Jавната администрација е темелот на државата

„Без модерна администрација – нема модерна држава. Без професионални службеници – нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Без модерна администрација – нема модерна држава. Без професионални службеници – нема европска Македонија.“

Со оваа порака премиерот Христијан Мицкоски го отвори првиот циклус генерички обуки за административни службеници во Скопје – процес во кој првично се вклучени 600 службеници од централно и локално ниво.

„Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор. Јавната администрација е темелот на државата. Таа сте вие – луѓето кои секојдневно го носат товарот на институциите. Вашата работа е лицето на државата, вашиот став е впечатокот кој граѓаните го добиваат за институциите.“

Реклама

Премиерот потсети дека администрацијата долги години била жртва на политички поделби и клиентелизам, што оставило последици – демотивирани луѓе, изгубени генерации службеници и недоверба кај граѓаните.

Наместо развој – партизација. Наместо мотивација – страв и реваншизам. Наместо обука – клиентелизам. Претходната влада ја остави администрацијата демотивирана, со нарушена доверба, со луѓе кои се чувствуваа оставени на цедило.“

Тој порача дека тоа време завршило и дека реформите што започнуваат денес ќе ја вратат администрацијата во вистинска насока – професионална, независна и во служба на граѓаните. Обуките, според Мицкоски, се јасен сигнал дека Владата не се плаши од промени, туку ги носи – со современи програми, нови методологии и меѓународни обучувачи. Целта е да се промени културата на работење и да се гради доверба во институциите.

Како примери за успех, премиерот ги посочи Естонија и Словенија. Малите земји, вели тој, покажале дека со вложување во администрацијата можат да станат големи по иновации и реформи. Македонија мора да го искористи овој момент и да ја донесе Европа дома – преку современ јавен сектор.“

Со сличен тон настапи и министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој порача дека реформите што се спроведуваат не се само на хартија, туку се дела што секој граѓанин може да ги почувствува.

Според него, администрацијата е крвотокот на државата – без неа не би можел да функционира ниту еден систем, од училишта до здравство, од матични книги до инспекции. Затоа, рече тој, обуките се темел врз кој ќе се изгради професионална и одговорна служба.

„Академијата нема да биде уште еден административен орган кој постои само на хартија. Таа ќе биде куќа на знаењето, универзитет на практиката, лабораторија на нови идеи. Таму секој млад човек кој влегува во администрацијата нема да биде оставен сам, туку ќе биде пречекан, воден и подготвен за предизвиците што го чекаат.“

Академијата за јавни службеници, која се формира паралелно со овие обуки, треба да биде центар за постојан развој, менторство и едукација. Целта е секој службеник да стекне нови знаења што директно ќе значат побрзи постапки, појасни информации и пократки редови за граѓаните. Властите уверуваат дека ова е најпрофитабилната инвестиција за државата – вложување во луѓето кои секојдневно го носат системот на свои плеќи.