Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Мицкоски: Изградбата на автопатиштата, железниците и гасоводите е приоритет на Владата

Изградбата на автопатиштата, железниците и гасното поврзување е приоритет на владата. Според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на автопатиштата, железниците и гасното поврзување е приоритет на владата. Според премиерот Мицкоски само со вложување во вакви проекти, македонија ќе има единствена предност пред другите држави во регионот, како крстосница на Балканот да привлече инвестиции и да го забрза економскиот раст. Според Мицкоски тоа е клучно во услови на глобална нестабилност предизвикана од кризата на Блискиот Исток. Потврдува дека поради воведените мерки за одржување на животниот стандард, во буџетот се слеваат помалку пари од акцизи од дизелот и бензините, но сепак продува активно се гради далноводот кон Албанија, гасоводот кон Грција, а наскоро ќе се објави и тендер за гасно поврзување со Србија.

„Ако ние тоа го направиме, тогаш можеме да развиваме се, туризам, се можеме да развиваме. Тоа досега не сме го направиле. Нашата цел е најголем дел од овие делници да ги завршиме во рамки на мандатот на оваа Влада. Тоа е патното поврзување. Коридорот 10, горе-долу сме поврзани, Табановце-Гевгелија со автопат, но Коридорот 8 потребно е да се заврши и тука работиме со жестока динамика, иако е прилично предизвикувачки проект и ние ќе имаме патно сериозно, добро, квалитетно поврзување“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Пренасочување на странските инвестиции од автомобилска индустрија кон дата центри и енергетски проекти. Според Мицкоски, на Македонија ќе и треба струја, за повеќе регионални инвестиции што ќе ги обединуваат државите преку вештачка интелигенција.

Реклама

Владата е јасно насочена кон реформи на патот кон Европската Унија. Мицкоски вели дека како Влада попрво би оделе по потешкиот пат, со кој местото ќе се заслужи со квалитет и резултати. Покусиот пат, според него, е полн со понижувачки предизвици. Во однос на исполнувањето на Реформската агенда, тој повтори дека Македонија најдобро стои меѓу зем,јите од западен Балкан со 16 успешно завршени од 21 индикатор.