Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Мицкоски: Инфлацијата догодина меѓу 2 и 3 отсто

Инфлацијата постепено се намалува. Очекувањата на Владата се таа да продолжи да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата постепено се намалува. Очекувањата на Владата се таа да продолжи да паѓа во последните два месеци од годинава. За следната година, предвидено е таа да се сведе на нивото помеѓу два и три проценти, вели премиерот Христијан Мицкоски. Таква е и проекцијата во државниот буџет, инфлација за 2026-та од 2 и пол отсто. Инаку, според последните податоци на државната статистика, порастот на трошоците за живот изнесуваше 4,5% во октомври, што е пад од 0,2 пп споредено со месецот претходно.

Комисијата за заштита на конкуренцијата е екипирана и активна за да ги лови евентуалните нерегуларности и непочитување на Законот за нефер трговски практики и картелски здружувања на трговците во обид да ги диктираат количините и цените. Досега се изречени глоби во износ од над 3,5 милиони денари, одлуки за кои се чека потврда од Управен суд. Премиерот Мицкоски вели дека треба да се почека и на одлуката во врска со картелското здружување на 4 големи ланци маркети.

„Да оставиме Антимонополската комисија да си ја заврши својата работа. Мислам дека наскоро ќе има и разврска“ – рече Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Реклама

Владата сака да ги дисциплинира големите трговци. Заменик министерот за економија Марјан Ристески пред една недела рече дека тоа може да се случи само со неколкукратно  повисоки казни, кои треба да стартуваат во 2026-та година. Сегашната највисока глоба од 20 илјади евра е лесно прифатлива за големите маркети со огромен промет и профити. Инаку, цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки за да се спречи нивно евентуално зголемување. Токму затоа, Пазарниот инспекторат е активно на терен и досега направил рекордни 20 илјади контроли.