Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Мицкоски и Николоски доделија клучеви од станови за социјално ранливи семејства во Кочани

Семејството Андови од Кочани, од вечерва ќе може мирно да спијат. По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејството Андови од Кочани, од вечерва ќе може мирно да спијат. По шест години живот под кирија, конечно овие родители на четири дечиња го добија својот дом. Неизмерна среќа и возбуда во нивните очи, бидејќи најважното егзистенционалното прашање им е решено.

  „Добивме нов дом. Досега живеевме под кирија, цели шест години. Плаќавме по 100евра, ама сега сме мноу задоволни. Ние сме шестчлено семејство, родители сме на четири дечиња„ изјави Санде Андов, од Кочани.

 Андови и уште 34 семејства  денеска ги добија клучевите од становите на новата социјална зграда во Кочани. На дел од станарите, клучевите лично им ги предаде премиерот Мицкоски, кој им посака  многу среќа и долго да си ги користат.

Реклама

„Имав чест да доделам клучеви на едно семејство и еден корисник на два вакви социјални станови. Мислам дека на овој начин правиме добри работи за луѓето и ќе продолжиме како Влада да правиме добри работи„ изјави премиерот Христијан Мицкоски.

 Решавањето на станбеното прашање, за многу брачни парови, поради високите цени на квадратот, е невозможно, па затоа во наредниот период освен што се градат социјални станови, се планира и изградба на  неколку комерцијални згради каде квадратот ќе се се продаваат по цена од 1000евра.

„Во следниот период ќе работиме и на реализација на комерцијални станови. Јавноста е запозната со одлуката на Владата, комерцијалната зграда што се гради во Битола, да биде понудена на продажба по цени коишто се би рекол реални и тоа 1000евра за метар квадратен станбена површина, 500евра за гаражи и 2000евра за деловен простор, какок би можело да се влијае на енормно високите цени на пазарот на недвижности, пред се во неколку големи општини. Следниот чекор е Охрид, а потоа ќе имаме повик и за градот Скопје„ изјави вицепремиерот Александар Николоски.

 „Акционерското друштво преку Владата на Република Македонија, гради станови во Сарај и Бутел во Скопје. Градиме станови во Прилеп, кои во наредниот период треба да бидат доделени. Во периодот којшто  следи треба да бидат доделени и становите во Велес, луѓето се веќе избрани„ изјави Марјан Стефановски, директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

 Денеска во Кочани беше пуштена во употреба и градинка за згрижување на 110 деца.