Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра

Кога ја презедовме одговорноста за управување со државата, знаевме дека ќе мораме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога ја презедовме одговорноста за управување со државата, знаевме дека ќе мораме да се соочиме со еден од најголемите предизвици – да ја вратиме правдата таму каде што била протерана, да изградиме институции што не се плашат, туку делуваат. Наша обврска е да воспоставиме систем кој ќе ги штити чесните, а ќе ги изведува пред лице на правдата оние што ја краделе државата. Денес, токму тука, испраќаме јасна порака – тоа време дојде. Сериозен е податокот што од 1 септември 2024 до 10 јуни 2025 година, Финансиската полиција поднела 36 кривични пријави, со кои е откриена штета или е утврдена и противправна имотна корист во висина од речиси 30 милиони евра. Овие пари се на граѓаните, и ова е пример како се штити имиџот на државата, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски на одбележување на 22-годишнина од формирање на Управата на финансиската полиција.

-Не заборавајте дека ние треба да служиме на граѓаните и на интересите на Македонија. Непристрасно, енергично и имаме мисија да ја преобразиме државата и да создаваме иднина каква заслужуваат граѓаните. Овие пријави не се обични бројки – зад нив се кријат конкретни злоупотреби и поединци кои мислеле дека државата е нивен имот. И во таа битка за правда нема партиска припадност нема етничка припадност. Правдата е слепа, но достижна. И овие бројки се најсилен доказ дека државата се буди и дејствува. Нема веќе недопирливи. Нема веќе молк. Ова е ново време на одговорност. Да не се заборави дека борбата против криминалот не е борба на една институција. Тоа е борба за душата на државата, за заедничката иднина. Каква иднина ќе оставиме за нашите деца, зависи од тоа сега што ќе го направиме. А Македонија е уморна од чекање и нема втора шанса, ова всушност е последната шанса. Ние не градиме само економија и патишта – ние градиме правда. Ние не зборуваме само за развој – ние зборуваме за ослободување од стравот, од неказнивоста, од мафијата во клучните сектори, рече Мицкоски,

Премиерот истакна дека на сите кои ја злоупотребиле довербата им порачува: Ќе одговарате.

Реклама

-На сите кои чесно работат во институциите – им порачуваме: Продолжете храбро. Вие сте чувари на државата. И на граѓаните – да знаете: Оваа Влада стои зад вас. Не зад криминалците. Не зад тајкуните. Туку зад секој човек што верува во правда. Како што рекол Џон Кенеди: „Корупцијата е најголемиот непријател на демократијата. Таа ја руши довербата и ја труе надежта.“ Ние сме тука да ја вратиме и довербата – и надежта. Тоа што Управата за финансиска полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра е доказ дека за решеноста да расчистуваме со криминалот, и чекор напред дека ги градиме темелите на промените. Нема назад. Македонија оди напред – како држава на ред, правда и одговорност, рече премиерот.