Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

🎥 Мицкоски: Историски ќе победиме на локалните, двојно поголем раст на нето – платата во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на периодот на СДСМ и ДУИ, за 20% зголемени платите на социјалните работници

Двојно поголем раст на нето платата за време на владата на ВМРО,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двојно поголем раст на нето платата за време на владата на ВМРО, отколку за 7 години власт на СДСМ. Опозицијата да престане да спинува и лаже за порастот на платите во Македонија. Премиерот реагира на обвинувањата на СДСМ дека Владата води лоша економска политика и дека примањата на работниците не растат. Мицкоски вели дека бројките ги побиваат тврдењата на опозицијата. Реалната нето плата за време на седумте години владеење на СДСМ и ДУИ пораснала за 3,5%, додека во последната година  кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, имало зголемување од 6 и пол отсто.

-Математички, но и било како гледано, 6,5 отсто е речиси двојно повеќе од 3,5 проценти. Селективниот пристап и ваквиот тип на политика на СДСМ донесе резултати во Македонија како што бевме сведоци изминатите седум години катастрофални и унуштувачки. Но она што е поважно и мој совет до раководството на СДСМ е дека тие со ваквиот селективен пристап ја уништија и сопствената партија – рече Мицкоски.

Од овој август, поголеми плати за 20% ќе добијат и вработените во во јавните установи за социјална заштита. За Мицкоски , ова преставува историски чекор напред. Новиот Колективен договор со кој, меѓу другото, се зголемуваат примањата на оваа категорија работници, беше потпишан на почетокот на август од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади од една страна и синдикатите УПОЗ и СОНК од друга.

Реклама

– Не е само зголемувањето на платите што треба да биде дваесеттина проценти, туку станува збор и за услови кои ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава, рече Мицкоски.

Во меѓувреме , се уште траат калкулациите околу евентуалното покачување на минималната плата, која секогаш врши пристисок врз зголемување и на другите палти во државата. Владата рече дека ќе поддржи секој договор меѓу синдикатите и работодавачите. Синдикатите бараат минималец од 500 евра, бидејќи и покрај тоа што просечната плата достигна 45.468 денари во јуни, дури 73% од работниците имаат примања под овој износ. Работодавачите, пак, велат дека се против з азголемување на минималецот од ракав. Сметаат дека бизнисот го чекаат тешки денови, па играњето со бројки што финансиски ги оптоварува е несериозно.