Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли шпекулациите дека во земјава ќе се градат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли шпекулациите дека во земјава ќе се градат кампови за мигранти и дека ќе се примаат мигранти од Велика Британија. Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека за таква тема не е разговарано со Велика Британија. 

– Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да примаме ниту еден мигрант. Со индигнација ги отфрлам овие шпекулации дека планираме да правиме било какви кампови на илегални мигранти. Тема за неуспешни апликанти на азил не е разговарана, но доколку се разговара, ќе биде одбиена од страна. Разговарано е дека заеднички ќе се бориме против илегалната миграција, изјави Мицкоски пред македонското Собрание каде присуствуваше на седницата на Постојната комисија за заштита на правата на слободите и правата на граѓанинот.

Коментирајќи ги денешните најави на лидерот на опозицијата Венко Филипче кој најави онлајн петиција за можен влез на мигранти, Мицкоски рече дека СДСМ се фаќа за тема која е тотален антипод на нивната политика. „За таа тема да водите кампања, тоа претставува однапред изгубена битка“, рече Мицкоски. 

Реклама

– Ги гледам овие салта, гимнастики што ги прави опозицијата на отворена сцена. Сакам да кажам дека не само што не е вистина, туку за мене претставува навистина чудно во отсуство на било каква идеја која може да мобилизира, да допринесе во рамки на општествениот живот во Македонија, тие да се фаќаат за тема која е тотален антипод на нивната политика и природно припаѓа на политиката на ВМРО-ДПМНЕ. За таа тема да водите кампања, тоа претставува однапред изгубена битка. Ние можеме да водиме кампања за зајакната антиилегална миграција. Јас ги разбирам, немаат идеја, немаат концепт, се обидуваат да се мобилизираат и сега ќе измислуваме теми, ќе растураме пердуви, ама каде од сите теми токму ја најдоа оваа која е фундаментална вредност на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски. 

Најави развивање на проект „safe country“ со којшто државните граници ќе бидат целосно мониторирани со што ќе се спречи илегален влез.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк: