Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Економија

Мицкоски: Енергетски независна Македонија со ветерниот парк на „Алказар енерџи“, поддршка за идни инвестиции 

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека инвестицијата на „Алказар енерџи“ во ветерниот парк…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека инвестицијата на „Алказар енерџи“ во ветерниот парк во Штип, Радовиш и Карбинци, за чија прва фаза се обезбедени 180 милиони евра, ќе овозожи неколку стотици работни места, нова патна инфраструктура, како и еден терават час електрична енергија од обновливи извори.

Тоа,  рече Мицкоски денеска при посетата на  „Алказар енерџи“ во Штип, е отприлика милион мегават часови, нешто што досега не е забележано во нашата историја и кога ќе биде реалност на крајот од годината  ќе претставува нето енергетски независна Македонија. 

Кога целата идеја била на хартија и почнала со реализација, како што посочи, малкумина верувале  оти денес ќе може да се види присутната  градежна механизација и се што се гради на потегот на Штип, Радовиш и Карбинци.

Реклама

– Денес гледаме стотици градежни машини и почеток на инсталирањето на капацитетите на ветерниците. Почнуваме инвестиција која ќе вреди половина милијарда долари, но дополнително ме охрабрува тоа што нивните планови за инвестирање во Македонија не завршуваат тука, имаат и други планови за што ќе ја имаат поддршката од Владата –  потенцираше Мицкоски. 

Тој ги посочи идните потенцијали на државата за инвестиции во енергетиката и потсети на изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на бизнис форум во 2025 дека Балканот може да биде хаб преку кој Европа ќе се снабдува со обновлива енергија.

– Имајќи го предвид развојот на вештачката енергија  кој е неповратен процес, во следните 14-15 години Европа ќе има потреба за дополнителни 1000 терават часови електрична енергија. Поради то,а потенцијалот што може да го имаме како држава да го инвестираме во производни капацитети а потоа да произведеме е еднаков на 24 терават часови. Кога тоа ќе се помножи со цената на струјата зборуваме за две милијарди евра годишно бизнис што треба да го зголеми македонскот БДП и да придонесе позтивно за македонската економија. Со оглед на целта да бидеме крстосница на овој дел од регионот и за енергетската инфраструктура на врвот на приоритетите ја ставаме поддршката на ваков тип гринфлд инвестиции, рече Мицкоски.  

Обезбедените 180 милиони евра се за правата од трите фази за проектот што треба да овозможат 396 мегавати електрична енергија во ветерниот парк што ќе содржи вкупно 54 ветерници  и ќе биде најголем во регионот.

– Денес завршуваме со финансиската конструкција за 131 мегават и 21 турбина, со 180 милиони евра инвестиции што се обезбедени од ЕБРД, ИФЦ, Ерсте банка заедно со Шпаркасе банка. Не можам да го кажам името на копанијата изведувач но можам да кажам дека таква компанија покажува доверба во држава како Македонија – рече Даниел Колдерон, коосоновач и генерален директор на Алказар енерџи. 

Колдерон најави дека кога ќе биде готов ветерниот парк ќе обезбедува енергија за 148 000 домаќинства, ќе бидат заштедени 570 илјади тони ЦО2, а  ќе се овозможат околу 300 вработувања.

Ја нагласи соработка со локалните власти и населението, при што посочи дека премиерот Мицкоски уште првиот ден покажал како треба да се третираат странските инвеститори, со што, посочи, се отвора патот за нови инвестиции. Ја потенцира и поддршката од надлежните министерства за добивање на потребните дозволи, активностите за законските промени, а ги истакна природните ресурси  и професионалноста на кадарот во државата.

Завршувањето на финансиската конструкција, како што рече Колдерон, претставува почеток на убава приказна за проектот почнат уште во 2008 година за кој во јуни 2024 година, по доаѓањето на новата влада, беше потпишан договорот, со што оцени дека се покажало нејзиното лидерство за спроведување вакви проекти. – Ова е круна на двегодишната работа тука, „Алказар“ е и ќе остане значаен партнер на Владата, посочи тој, најавувајќи  дека набргу ќе се затвори и финансиската конструкција за ветерните паркови во Карбинци и Радовиш.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потенцираше дека комбинацијата на одржлив транспорт, на зелена транзиција  ја прави Македонија лидер во регионот.

– Ќе продолжиме да го продолжуваме проектот, вложивме многу во изминатиов период, под водство на премиерот Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, градоначалниците  на Штип, на Карбинци, на Радовиш, тимовите на Министерството за транспорт, на Катастар, Министерствот за земјоделство, Министерството за животна средина – ќе ми извини некој ако не го споменав. Самото тоа што денес сме тука, а за три години и ќе го пуштиме овој ветрен парк е најдобар доказ за вашата работа – рече Николоски.

Министерката за енергетика Сања Божиновска оцени дека ветерниот парк Штип има значење што ги надминува границите на еден проект и на една инвестиција.

– Нашата задача е ваквите капацитети да ги поврземе со поширока цел – поголема сигурност во снабдувањето, посилна економија и помала изложеност на надворешни енергетски потреси. Не смееме енергетската иднина на Македонија да ја оставиме само на условите што ги создаваат другите, мораме да ја градиме со капацитетите кои ги создаваме тука.  Токму во тоа е и улогата на Министерството за енергетика.  Нашата институционална поддршка за ветерниот парк е дел од определбата да поддржуваме инвестиции во обновливи извори со предвидливи правила и со долгорочна развојна насока – рече Божиновска.