Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Мицкоски: Би бил кукавица доколку сега се повлечам, следува катарза во ВМРО-ДПМНЕ, силно сум мотивиран за смена на оваа власт

Во вчерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во вчерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се осврна на одржаните парламентарни избори, очекувањата од претстојниот период, како и на внатрепартиската состојба.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има 40 пратеници во рамките на парламентот, а СДСМ 32 пратеници, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од македонскиот народ. Според Мицкоски, СДСМ ја нема довербата на граѓаните онака како што се прикажува пред јавноста, бидејќи оние 2 пратеници плус кои СДСМ ги има официјално пред ВМРО-ДПМНЕ, се всушност пратеници на политичката партија БЕСА.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше дециден дека поради поддршката од Извршниот и Централниот комитет на партијата, како и од Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, останува на висина на задачата како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се бори за состав на ново парламентарно мнозинство.

Реклама

“Би бил кукавица доколку во вакви моменти се повлечам, тоа не е својствено за мене. Останувам фокусиран на предизвиците кои следат, останувам фокусиран на членството и внатрепартиската катарза која што следи во ВМРО-ДПМНЕ, како и на напорите за формирање ново парламентарно мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија, туку идеологија и водилка на македонскиот народ и моја огромна чест е да бидам на чело на ВМРО-ДПМНЕ”, вели Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ се ослободува од последниот товар од поранешни функционери на партијата кои во овие моменти работат здружено против партијата, но тоа само покажува за стравот и очајот кои ги има во тие луѓе. Таквото однесување не наидува на поддршка ниту кај членството, ниту кај граѓаните на Република Македонија и тоа е она кое што е најважно во моментот, заврши Мицкоски.