Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Економија

МФ: Формиран Комитет за јавни инвестиции за поефикасно и транспарентно управување со капиталните проекти

Владата донесе одлука за формирање на Комитет а јавни инвестиции, што претставува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата донесе одлука за формирање на Комитет а јавни инвестиции, што претставува значаен чекор за обезбедување поголема ефикасност, транспарентност и усогласеност на јавните инвестиции со националните приоритети и стратешки цели, информираат од Министерството за финансии.

Одлуката Владата ја донела вчера на седница, а со неа, како што велат од МФ, се поставуваат основите за поефикасно, транспарентно и стратешко управување со јавните инвестиции.

-Комитетот се формира врз основа на Законот за буџети и ќе работи согласно Уредбата за управување со јавни инвестиции. Станува збор за постојано меѓуресорско тело на Владата кое ќе обезбеди координација меѓу институциите и интегриран пристап во донесувањето одлуки. Со Комитетот ќе претседава министерот за финансии, а во неговиот состав ќе бидат вклучени сите ресорни министри, што овозможува одлуките да се носат врз основа на консензус и темелна анализа на предлогите, се вели во соопштението од МФ.

Реклама

Неговата улога, нагласуваат, ќе биде клучна во разгледувањето и оценувањето на проектните идеи, во нивното приоретизирање и во носењето одлуки кои ќе го насочат државниот инвестициски циклус кон проекти што носат најголема вредност за граѓаните и економијата.

-Комитетот ќе го следи напредокот на инвестициите, ќе ја проценува нивната изводливост и ќе обезбедува препораки за најдобро користење на јавните средства. На тој начин ќе се гарантира дека јавните инвестиции се во целосна согласност со целите и приоритетите на Владата и дека нивната реализација е усогласена со националните стратегии за развој. Со воспоставувањето на Комитетот се создаваат услови за подобро планирање и управување со јавните ресурси, а процесот на селекција на проектите станува појасен и пообјективен, појаснуваат од Министерството за финансии. 

На долг рок, сметаат од Министерството, оваа реформа ќе обезбеди повисоки економски приноси, поефикасно обезбедување на јавните услуги и ќе придонесе за остварување на стратешките цели на земјата, вклучително и оние што се поврзани со европската интеграција.

-Формирањето на Комитетот за јавни инвестиции директно произлегува од новата Уредба за управување со јавни инвестиции, со која се воспоставува за систем за подобра реализација на капиталните проекти. Со Уредбата сe воведува обврска сите буџетски корисници, јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, како и општините, да ги доставуваат своите иницијативи за јавни инфраструктурни проекти со проценета вредност над 5 милиони евра до Министерството за финансии, нагласуваат од МФ.

Во рамките на Министерството е формиран посебен Сектор за управување со јавни инвестиции кој ќе врши независен преглед на прединвестициските студии, процена на зрелоста на проектите и следење на нивната реализација.