Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Мерџаноски: Зголемувањето на платите и капитацискиот бод на здравствените работници е показател дека го вреднуваме нивниот труд и посветеност

На денешната трибина која се одржа во Штип на тема „Реформи во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната трибина која се одржа во Штип на тема „Реформи во здравството-Ги градиме темелите на промените“, се обрати Игор Мерџаноски, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и директор на ТОАРИЛУЦ. Тој истакна дека здравствениот систем се зајакнува со вложување во здравствените работници и дека тоа е направено со покачување на платите, со вреднување на трудот, посветеноста и борбеноста на медицинскиот кадар.

„Како да го зајакнеме здравствениот систем одвнатре? Преку вложување во здравствениот кадар. Без мотивирани здравствени работници, нема ни силен систем ни задоволни пациенти ни доверба во здравството. Постигнавме историски договор за покачување на платите во здравството, во следните 4 години платите на здравствените работници се зголемуваат за вкупно 50%, тоа не е само бројка, тоа е директно признавање на нивниот труд, посветеност и одговорност. Од април оваа година реализиравме и зголемување на капитациониот бод на матичните лекари на стоматолози и гинеколози и ова е прв пат по долго време да им се даде сериозна поддршка на оние коишто се најблиску до пациентите-матичните лекари“, вели Мерџаноски.

Мерџаноски наведе дека се прават чекори кои се од клучно значење за младите да останат да работат во Македонија, затоа што се вложува во подобри услови, подобри здравствени услуги, а со сето тоа се гради и посилен здравствен систем.

Реклама

„Голема мотивација да останат да работат дома, подобри услови за работа и што е најважно подобра здравствена услуга за сите граѓани. Овие чекори се инвестиции во доверба во стабилност во квалитет во човечност. Инвестираме во луѓе кои спасуваат животи, со ова враќаме достоинствено на медицинската професија, им покажуваме на младите дека иднината е тука, во нашите болници во нашите клиники и амбуланти. Но ова не е крај ова е долгорочна стратегија за посилен здравствен систем“, рече Мерџаноски.