Реклама

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Македонија

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје се приклучува кон заложбите на Министерството за образование и наука за унапредување на дигиталните компетенции на наставниот кадар, поттикнување на иновативни педагошки практики и одговорна употреба на генеративната вештачка интелигенција во наставниот процес.

Како што соопшти МОН, двете страни денес потпишаа меморандум за соработка кој предвидува искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови за организирање на обуки за наставникот кадар, како и работилници за развој и примена на иновации во образованието со фокус на генеративната вештачка интелигенција.

МОН и ИНОФЕИТ заеднички ќе учествуваат во проекти и иницијативи од областа на дигиталната трансформација на образованието, а периодично на работни средби ќе дискутираат за прогресот на активностите, ќе договараат континуитет или изменување и дополнување на истите.

Реклама

На потпишувањето на меморандумот, министерката за образование и наука Весна Јаневска, од една страна и деканот на ФЕИТ, Владимир Атанасовски и управителот на ИНОФЕИТ, Димитар Ташковски, од друга страна изразиле задоволство што се воспоставува соработка за јакнење на најважната алка во образовниот процес – наставниот кадар, како и за полесно интегрирање на технолошките иновации во наставата.

До крајот на годината, како што велат од МОН, ќе се организира и првата обука за наставници на тема одговорна примена на вештачката интелигенција за едукативни цели.