Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

🎥 Меѓусебната заштита на Коцевски со СДСМ и ДУИ е причината за 2% доверба во судството, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Меѓусебна заштита која ја гуши правдата во Македонија: Социјал-демократскиот сојуз ги штитат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓусебна заштита која ја гуши правдата во Македонија: Социјал-демократскиот сојуз ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Доколку падне Љупчо Коцевски, ќе се отворат врати за истраги против Филипче но и за останати функционери од СДСМ и ДУИ, тврдат од владејачката партија и поради тоа велат пратениците од опозицијата не гласале за интерпелацијата за републичкиот обвинител. Од таму уште еднаш го повикаа Коцевски да си поднесе оставка.

  • На фолирањето на СДС му дојде крај. Не додржаа ниту еден месец, па  СДС мораше да се соголи, и да покаже дека ќе направат се само главниот обвинител, Љупчо Коцевски, да остане на позиција. Сега е многу очигледно и зошто СДС држеше пресови за Кочани, каде со лажно душегрижништво го напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ, а всушност договорени со нивниот обвинител Коцевски, сакаа да креираат хаос. Сите обиди за хаос и сценарија на СДС се изјаловија“ вели Бране Петрушевски – ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека на Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, каде ќе се постапува според законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси

Интепелацијата за републичкиот обвинител Коцевски ја поддржаа 71 пратеник, а опозицијата не гласаше. Власта го повикува да си поднесе оставка бидејќи изгласаната недоверба е силен институционален сигнал. Но, Коцевски нема да ја напушти функцијата, возврати дека политиката ќе им ја остави на политичарите а тој како што рече, со пркос ќе работи на големите предмети како за трагедијата во Кочани, Онкологија, криминалните пресметки и истрагата за струмичкиот бизнисмен Крмзов. Коцевски посочи дека законите не препознаваат интерпелација за функцијата државен обвинител, но дел од правниците посочија дека иако има формално правна независност во одлучувањето, според член 27 од Законот за јавно обвинителство, тој одговара пред Собранието, што значи дека постои механизам на отчетност.

Реклама

За републичкиот обвинител Владата отпочна постапка за разрешување пред повеќе од 4 месеци, но ја запре по трагичниот пожар во кочанското кабаре. Тогаш Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за негова промена.