Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Меџити најави инсталирање на модерни лифтови во постарите станбени згради во Чаир

Кандидатот на ВРЕДИ за градоначлник на Општина Чаир, Изет Меџити на денешната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот на ВРЕДИ за градоначлник на Општина Чаир, Изет Меџити на денешната прес-конференција најави инсталирање на модерни лифтови во постарите станбени згради со четири и пет спратови во Чаир.

Меџити потенцира дека првичната анализа говори дека постојат технички услови, нагласувајќи дека без никакви поголеми интервенции може да се изградат и инсталираат 81 лифт наменети за 81 влез во 31 зграда. 

-Најавувам дека почнуваме капитален проект за изградба и инсталирање на модерни лифтови во сите постоечки станбени згради на територијата на Чаир кои немаат, а имаат потреба од лифт. Со децении жителите на постарите згради со четири и пет катови се соочуваат со огромен предизвик недостаток на лифтови. За нашите повозрасни соседи, за лицата со потешкотии во движењето, за семејствата со мали деца, секојдневното качување по скали е огромна мака. Тоа време завршува. Ова не е празно ветување. Нашата посветеност е видлива на дело. Сакам да ве информирам дека нашите инженерски тимови веќе се на терен. Тие вршат детална техничка проценка на секоја зграда поединечно за да се утврдат најдобрите и најбезбедните решенија за инсталацијата. Подготовките за реализација се веќе во тек. Дополнително работиме на проценка на сите останати постари објекти за колективно домување, рече тој. 

Реклама

Меџити го назначил носителот на советничката листа на ВРЕДИ во Општина Чаир Мухамед Муртези за носител и координатор на проектот за надгледување дали тој ќе се реализира ефикасно, транспарентно и во најбрз можен рок. Потенцира дека Муртези ќе биде директно задолжен да ја надгледува секоја фаза од реализацијата, од првата лопата до пуштањето во употреба на последниот лифт. 

Меџити ги наброја придобивките од реализијата на овој проект за инстралирање на лифтови по станбените згради.

-Придобивките од овој проект се големи. Достоинствен пристап за сите. Обезбедуваме лесен и безбеден пристап до домовите за нашите највозрасни граѓани, лицата со попреченост и сите други на кои им е потребна помош. Олеснување за семејствата. Им помагаме на родителите со мали деца кои повеќе нема да мораат да носат детски колички и тешки торби по скали. Вградувањето на лифт директно ја зголемува пазарната вредност во овие згради. Овој проект е дел од нашата поширока визија за целосна трансформација на условите за домување во нашата општина, изјави тој.

Најави дека паралелно со ова ќе го реализира и проектот за изградба на енергетски ефикасни фасади во сите постари згради.

-Нашата цел е јасна – додека со фасадите обезбедуваме потопли домови и заштеда на енергија до 50 отсто, со лифтовите обезбедуваме лесен и достоинствен пристап до нив. Создаваме целосно решение за модерно и удобно живеење. Чаир заслужува да оди напред. Ние знаеме како тоа да го направиме, истакна Меџити.