Реклама
Македонија

Меџити и Ѓорѓиевски најавија проект за проширување и уредување на улицата „Цветан Димов“ во Чаир – една од црните критични точки во градот

Првиот заменик-претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник за Градот Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска остварија теренска посета на улицата „Цветан Димов“ во Чаир (Јаја Паша) каде што треба да почне реализација на проект за проширување и урбанистичко уредување на просторот.

За реализацијата на овој проект предвидени се вкупно 10 милиони евра, од кои околу 3 милиони за експропријација и околу 7 милиони евра за реализација на проектот. Со проектот е предвидено да има шест ленти, зеленило, тротоари, велосипедска патека и целосно осветлување. 

Меџити нагласи дека заедно со Ѓорѓиевски се дојдени за да покажаат и докажат дека ова ќе биде еден од првите проекти на Градот Скопје.

Реклама

-Досега немаше волја. Инаку има главен проект, има студија за експропријација. Почната е и постапката. Експропријација е предвидена околу 3 милиони евра, додека реализацијата на проектот околу 7 милиони евра. За реализацијата на овој проект вкупно се предвидени 10 милиони евра. Но е клучен, за да се елиминира оваа црна точка во сообраќајот во Град Скопје. Со ова мислам дека ќе се нормализира сообраќајот во Градот Скопје, а посебно во Чаир, бидејќи ова се поврзува и со обиколницата на Градот Скопје. Граѓаните ќе имаат реален пристап од сите страни и многу полесно ќе можат да се движат во овој дел. Ова е во врвните проекти за Чаир, а верувам и на Градот Скопје, рече Меџити.

Ѓорѓиевски нагласи дека ова улица е една од црните критични точки на градот Скопје, проект којшто, како што рече, триесетина години наназад е ветуван од многу кандидати, но и од многу актуелни градоначалници коишто имале шанса да го водат Градот Скопје. 

-После изборите во октомври каде што очекувам на тие избори силна поддршка од граѓаните на Градот Скопје, не само од Македонци, туку и од Албанци, од Турци, Роми, Власи и од сите останати, еден од првите приоритети наши ќе биде токму реализацијата на овој булевар, бидејќи веќе ја има во Градот Скопје комплетната документација, како и сите услови поврзани со експропријацијата која што ќе треба да ја напраивме. Еден од клучните проекти коишто ќе го започнеме во самото влегување во Градот Скопје во октомври ќе биде токму реализацијаа на булеварот „Цветан Димов“.

Ѓорѓиевски потенцира дека по локалните избори кога очекува убедлива победа во Градот Скопје, сериозен акцент ќе стави на решавањето на сообраќајниот хаос во Скопје. Нагласи дека Ннс ни треба безбеден град кое ќе се постигне со квалитетни сообраќајни решенија.

-Освен оние основни базични работи кои во октомври ќе се зафатиме да ги решиме, а се поврзани со функционалноста на Комунална хигиена, Јавното сообраќајно претпријатие, како и ревитализација на останатите јавни претпријатија дополнително сериозен акцент ќе биде ставен на решавање на сообраќајниот хаос во Скопје. Овде не е проблемот само за оние коишто го користат со возила овој булевар. Знаеме дека често овој булевар е место на сообраќајки. Граѓаните често ги губат своите животи. Тоа не треба да го дозволиме. Нас ни треба безбеден град, а безбеден град ќе постигнеме со квалитетни сообраќајни решенија, рече градоначалникот  Ѓорѓиевски