Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Мециновиќ: Кампањата на Левица се сели на улица по забраната за рекламирање

Кампањата на кандидидатот за градоначалник и советници за Град Скопје од Левица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кампањата на кандидидатот за градоначалник и советници за Град Скопје од Левица за претстојните локални избори се преселува на улица како резултат на забраната за рекламирање на партијата.

Ова денеска на прес-конференција го најави пратеникот и кандидатот за градоначалник на Град Скопје Амар Мециновиќ кој рече дека од утро до вечер ќе биде присутен на скопските улици на средби со граѓаните.

-Изминатите два месеца ако приметивте ПР куќите кои ги советуваа големите партии им рекоа да излезат на улица да прибираат препораки од граѓаните и сега имаат програма. Ние сега ги повикуваме да се симнат кај граѓаните и за време на кампањата. Ние тоа ќе го направиме во отсуство на рекламирање на кампањата, истакна Мециновиќ.

Реклама

Кандидатот на Левица кој побара мандат за градоначалник на Град Скопје упати порака дека ќе работи во интерес на граѓаните почнуваќи од средување на проблемите во јавните претпријатија.

-Доколку ни биде доверен мандатот, првото што ќе сториме е да се симнеме кај работниците во јавните претпријатија и да разговараме за условите во кои работат. Јавните претпријатија во Скопје се оставени на маргините, со цел да се оправда нивна евентуална приватизација. Уште на 6 септември беше најавено дека за Комунална хигиена Скопје постои план за приватизација, што подоцна го потврди и премиерот Мицкоски, најавувајќи јавно-приватно партнерство за јавните претпријатија, истакна Мециновиќ.

Притоа, рече тој, треба да се нагласи дека единствено претпријатие кое профитира и генерира приходи е Дрисла. -Тоа претпријатие треба да се унапредува, а не да се приватизира, нагласи Мециновиќ.

Тој порача дека Левица е спремна да соработува со сите независни кандидати и независни листи, а понатаму, како што рече, ќе се разговараат и за вториот круг.

-Како што имавме дијалог во минатитот мандат со некои незавизни лисит, сега се надевам ќе имаме уште пообединувачки каде можат да застанат многу платформи за јавниот интерес, нагласи Мециновиќ.

Доколку е избран за прв човек на градот, Мециновиќ рече дека во неговиот мандат, меѓу другото, ќе се фокусира на јавниот превоз кој, според него, во моментов е најголем проблем и дека имаат замисла да има функционален јавен превоз и да се охрабри неговото користење.