Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Меѓународна недела на свесност за компостирање – Еколошки пример за домашен компост од Дојран

Наместо остатоците од храна, посебно лушпите и непотребните делови од зеленчукот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо остатоците од храна, посебно лушпите и непотребните делови од зеленчукот и овошјето кое се користи за подготовка на оброци, да завршат на депонија, каде создаваат штетни гасови, може да се употребат за природно ѓуриво во домашната градина. На ова апелираат еколошките здруженија кои се залагаат концептот за компостирање да биде повеќе присутен во домаќинствата, посебно потенцирајќи ги придобивките за животната средина додека трае Меѓународната недела на свесност за компостирање.

Ваков позитивен пример во своето домаќинство од неодамна разработила и жителка на Дојран, која мотивирана од природните особености на местото каде живее, пред се чистата и еколошка средина, се решила слободното време да го инвестира во создавање на мали градини каде одгледува различни култури со помош на компостирање.

Следејќи содржини на интернет на оваа тема, Ана од Дојран ги искористила домашните ресурси и во својот дом го пробала практично она што го собрала како искуство од другите. 

Реклама

– Овие мини парцели, воедно имаат улога на директен компостер, зашто се наслоени на таков начин. Во долниот дренажен, груб дел има корени и стебла, кои може да бидат израснати на самото место или да се дополнат со растителен отпад – гранки од режење, искорнати растенија и слично. Во вториот слој се става сено или слама, третиот слој е од зелена трева и некој органски отпад од кујната, потоа слој арско ѓубре, па слој сено. Во најгорниот слој сено се прават гнезда, кои сега имаат улога на саксија и се полнат со мешавина од земја, компост и арско ѓубриво и во нив сееме односно садиме. Кога ќе се наслои парцелата прв пат, се додава т.н. активатор, кој сами го правиме, и додаваме најчесто тоа што моментално го имаме во кујната (квасец, шеќер..) за да се активираат процесите на разградување, објаснува Ана.

По неколку месеци, додава таа, од самата парцела се добива храна односно компост за билките што се посадени. 

– Многу е интересно и се радувам како од растенијата што не опкружуваат, може да создаваме некоја прихрана за бавчата, како може да се научиме да рециклираме, да фрламе помалку отпад во контејнерите. За овој начин на одгледување био – бавча многу се зборува на интернетот денес, па на тој начин собрав многу корисни информации од разни платформи и ги применувам секојдневно – вели Ана.

Во моментот таа одгледува ран компир, салати, спанаќ, млад кромид, цвекло, зачини, а работи и на пресадување домати и пиперки. Во останатиот дел одгледува и различни цвеќиња. Вели дека покрај редовниот работен ангажман, не и е тешко да одвои еден час во неколку дена и да се погрижи за градината, што всушност ја одмора и и причинува задоволство, а пред се, го гледа како можност за  благодарност кон Бога за сѐ што ни е дадено.   

– Мотивацијата произлегува од неколку причини – љубовта кон природата, еколошката свесност колку загадуваме со разни инсектициди, пестициди, вештачки „прихрани”, колку ѓубре од домаќинството создаваме, а дел е органско кое што може да ни биде ресурс, т.е. извор на прихрана во бавчата и на цвеќињата, како и поради поминување време во природата, меѓу дрвца и трева, цвеќиња и билки за кои се грижиш и стануваш свесен колку дарови Бог ни дава, истакнува Ана.

Во текот на Меѓународната недела на свесноста за компостирањето еколошките здруженија апелираат за поголемо учество на сите општествени чинители, но и на индивидуалните домаќинства, во овој процес чии придобивки се пренамена во органски отпад на она што редовно го фрламе во контејнерите, потоа придонес кон создавање здрава плодна почва без хемиски ѓубрива, како и значително намалување на емисијата на метан.